(Видео) Мицкоски: Ги рaзочаравме татковците на нацијата, не го исполнивме нивниот завет, чекор по чекор се губи државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, восвоето обраќање на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за 30-годишнината од независноста на плоштадот „Магнолија“ во Битола, истакна дека по 30 години, неопходно е да се запрашаме дали ги исполнивме очекувањата на основачите на нашата нација.

„30 години се доволен период да се направи една опсешна анализа за тоа што сме денес, дали дрвото беше насадено правилно и зошто сега е најтешко и зошто сега е искривено. Кои беа очекувањата, каков беше заветот и каде дојдовме? Дилемата е дали го опрадавме заветот на татковците на оваа нација кои во деведесетите се потпираа на АСНОМците, а АСНОМците на илинденците, и се така наназад во нашата богата историја“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека по 30 години независност, за жал, не само што не го исполнивме заветот, туку и чекор по чекор ја губиме државата.

„Не сме дрво без корен, и работата е што корењата се премногу длабоки. А сеќавањата не напуштаат лесно. И не е дека и во минатото не се правеле грешки во историјата, но секогаш имало мудрост да се прескокнуваат препреките. Нашето дрво беше засадено со крвта и страдањата на многу генерации кои веруваа во слободата, но овие 30 години истото сериозно е намалено и натажено. Затоа можам, со горко чувство и со тага во мене да соопштам дека овие 30 години ги разочаравме основачите на независноста на државата. Не го исполнивме како држава во целост нивниот завет. А зад ова што го говорам е чувството дека по малку, чекор по чекор се губи државата. А работите се вртат во еден ист круг“, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This