(Видео) МИЦКОСКИ: Заевизмот пaѓa, Обновата доаѓа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку свој статус на Фејсбук објави дека наскоро доаѓа обнова на Македонија и дека се изготвени решенија за надминување на проблемите.

Разговорите за Обнова на Македонија се извонредна можност да се запознаам изворно со проблемите со кои се соочуваат граѓаните, да ги ислушам, да ги советувам, да ја споделам тагата и немирот кои ги чувствуваат за да станат нивните маки и немири помали, и да добијам дополнителна сила за да работам на решенијата. Луѓето ги кажуваат проблемите искрено, без заобиколување се запознавам со маките и потиштувањата кои ги трпи мојот народ, народ кој е голем и кој покрај сите неправди и неволји кои им ги создава оваа ненародна и криминална влада, има енергија да се бори за своите правдини. Гледајќи во нивните очи се обврзувам дека ќе го вложам секој атом од мојата сила за да создадам подобра иднина за луѓето на Македонија. На проблемите кои граѓаните ги истакнуваат им пристапувам одговорно и посветено и веќе со моите соработници, со тимот за Обнова на Македонија изготвивме нацрт сценарија за надминување на проблемите. Благодарам Ресен за поддршката која ја добив при посетата на вашиот град. Заевизмот паѓа, Обновата доаѓа! Доаѓаат подобри времиња!, напиша Мицкоски.
 

 

Заевизмот паѓа, Обновата доаѓа! Ресен 04/10/2019

Разговорите за Обнова на Македонија се извонредна можност да се запознаам изворно со проблемите со кои се соочуваат граѓаните, да ги ислушам, да ги советувам, да ја споделам тагата и немирот кои ги чувствуваат за да станат нивните маки и немири помали, и да добијам дополнителна сила за да работам на решенијата. Луѓето ги кажуваат проблемите искрено, без заобиколување се запознавам со маките и потиштувањата кои ги трпи мојот народ, народ кој е голем и кој покрај сите неправди и неволји кои им ги создава оваа ненародна и криминална влада, има енергија да се бори за своите правдини. Гледајќи во нивните очи се обврзувам дека ќе го вложам секој атом од мојата сила за да создадам подобра иднина за луѓето на Македонија. На проблемите кои граѓаните ги истакнуваат им пристапувам одговорно и посветено и веќе со моите соработници, со тимот за Обнова на Македонија изготвивме нацрт сценарија за надминување на проблемите. Благодарам Ресен за поддршката која ја добив при посетата на вашиот град.Заевизмот паѓа, Обновата доаѓа! Доаѓаат подобри времиња! #ОбноваНаМакедонија

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, October 7, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This