(Видео) Мицкоски: Зaeднo дa ja изгpaдимe нoвaтa иднинa co мacoвнa излeзнocт, ќe пoддpжимe пpoeкти и пpoмeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска сме овде во Кочани да поразговараме со жителите на општина Кочани, а од она кое што имавме можност да го слушнеме од нив генерално е тешкиот живот и тешкото секојдневие е реалност која што ја живеат.

Неколку дена пред вториот круг мојата порака до жителите на Кочани да излезат масовно на локалните избори, да го заокружат бројот 7, да заокружат за Љупчо затоа што на тој начин можеме сите ние заеднички да создадеме нова иднина, нова иднина која што ќе го порази ова политичко мочуриште и оваа наша погрешна реалност која што денеска ја живееме.

Да застанат заедно со победничката нова иднина која што ќе ги победи овие локални избори во Македонија за да можат сите оние проекти кои што се значајни за народот на Македонија да бидат реализирани, кои што се значајни за народот на Кочани.

Мојата порака е дека со останување дома тие ќе мислат дека тоа што досега го работеле било исправно и дека на тој начин повторно успеале да не излажат, и дека на тој начин ќе продолжат да ја распродаваат и пљачкаат нашата Македонија, народот на Македонија и народот на Кочани.

Затоа, излезете масовно, заокружете го бројот 7, заокружете за Љупчо Папазов, заокружете за заеднички да создадеме нова иднина, иднина на промени, иднина на проекти и иднина на победи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This