(Видео) МИЦКОСКИ: Македонската жена е големата мајка и хероина која се бори за правдините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави видео со моќна порака до сите жени во Македонија.

-Македонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја, таа е големата мајка и хероина која се бори за правдините. И зад сите Сердари и водачи на нашиот народ кои сме ги имале низ нашата историја, стоела по некоја прличева Неда, мајка, жена, силна потпора. Таа основа потикнувала растеж, била почва за развој, силен темел, двигател, бунтовник. Борец, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека положбата на жената не е еднаш засекогаш дадено право, туку константа за која мора да се борите, унапредувате, освојувате.

-Знам дека пеколно тежок е тој пат, но ние ја нoсиме таа карма на беспаќа, континуирани докажувања, и страдања кои не дефинираат низ времето, но и ја зголемуваат нашата мотивираност. Затоа што, нели, ние Македонците сме пирејот таа троскотна трева која никнува колку и да ја газат, требат и кошкаат. И секоја наша победа која сме ја носеле низ историјата била резултанта на научените лекции од сите наши порази, и сме победувале и одново ќе победуваме со крената глава горди, стаменити, честити, рамо до рамо, еден до друг, затоа што сме искрени во овааа наша мисија и затоа што ја сакаме оваа земја Република Македонија, порачува Мицкоски.

 

Среќен меѓународен ден на жената – 8ми март!

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, March 8, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This