(Видео) МИЦКОСКИ: Нема демократски амбиент за работа на Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 „Во моментов нема демократски амбиент за работа на Собранието. 12 проценти од пратеничката група сè уште се наоѓа во притвор, тоа се 5 проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Народниот правобранител недвосмислено констатирал дека при приведување на пратениците на 28 ноември лани е повредено правото на пратенички имунитет и дека полициските службеници не се придржувале до правните процедури за приведување.

„Сето ова е доказ дека во Македонија има класичен политички прогон кон сите кои мислат поинаку од власта и злоупотреба на институциите. Целата слика за недемократскиот амбиент се заокружува со фактот дека десетици други уметници и архитекти се во притвор со измислено обвинение за тероризам и без правен аргумент“, рече Мицкоски и истакна дека власта треба да избере меѓу реформите и политичкиот прогон со неистомислениците.

Мицкоски рече дека првиот момент кога ќе има демократски услови, тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат.

Во врска со прегрупирање на пратениците од десет во една пратеничка група, рече дека сите опции се отворени.

Мицкоски рече и дека ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со процесот кој би требало да се одржи во Париз, во куќата на Жан Моне.

„За таков процес не сме информирани, ниту имаме официјална покана, ниту ја имаме содржината и намената на овој процес. ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена ниту со датата ниту со целта ниту со содржината за евентуално одржување на тој процес“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This