(Видео) Мицкоски од Битола: Време е Македонијо за големи работи, најдоброто допрва доаѓа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, восвоето обраќање на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за 30-годишнината од независноста на плоштадот „Магнолија“ во Битола истакна дека вистински ќе напредуваме само доколку економски ја градиме нашата земја, додавајќи дека патриотизам не е само пушка за права, но и многу повеќе од тоа.

„Патриотизам е пушката за права, ама и перото на хартија. Патриотизам е и борбата за стандард и правдини. Вистински ќе напредуваме ако економски ја градиме нашата земја. Вистински ќе ја сакаме ако не молчиме. Патриотизам е да се бориме бескомромисно со криминалот и корупцијата. Патриотизам е да се бориме за повисоки плати и подобар живот. Патриотизам е да влеземе во ЕУ, и само така ќе станеме рамноправни и силни да разговараме за се’ друго што е важно за нашиот народ, само така ќе се брани Македонија и нашиот идентитет. Дури тогаш ќе ги браниме и оние кои велат дека сега е млако и треба поостро. Треба мудро и со стратегија до целта и само тогаш ќе имаме успеси“, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најви дека најдоброто за Македонија допрва доаѓа, и дека само од нас зависи дали ќе ги преземем работите во свои раце и какви судбини ќе си скроиме.
„Време е Македонијо за големи работи. Најдоброто допрва доаѓа. А Македонија сме сите ние, Македонија сте сите вие. Од нас зависи. Сите ние сме ковачи на судбината и ние мораме да ги преземеме работите во свои раце. Да го препознаеме и издвоиме црното од белото, да ги препознаеме лажните пророци и вистинските синови и ќерки. На Македонија и треба нејзиниот народ, затоа што Македонија е тука за нас. Среќен роденден татковино.“, рече тој.

„Биди исправена,биди достоинствена, биди пркосна, стаменита и вечна! Да сте живи и здрави! Да живее Македонија!, заврши Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This