April 24, 2024, 12:27 pm

(Видео) Мицкоски од Битола: Да не збориме за мини шенгени како стратешки цели, туку да се бopиме стандард да постигнеме како една Австрија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, восвоето обраќање на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за 30-годишнината од независноста на плоштадот „Магнолија“ во Битола, истакна дека мора да дојде крај на вртењето во еден ист затворен круг и да се направат големи исчекори напред бидејќи Европа и Светот незапирливо трчаат напред, бележат рекорди, создаваат и живеат според вредности, додека Македонија стагнира како држава без цели кон кои се стремиме и движиме

„Денес за прв пат во овие 30 години имаме соочување со огледалото, и целосната блокада за членство во ЕУ, а тоа само говори дека како држава немаме цели кон кои се стремиме и движиме. Не е суштината да велите дека сте решите проблем како тој со Грција, со кој подоцна ќе отворите 5 нови проблеми. Не е главното да се откажете од се што е за вас значајно како народ и да кажете направив исчекор со Бугарија. Потребно е да се има мудрост, како што беа мудри и Глигоров и Кљусев, како што мудро се водеше политиката од експертската влада која ја застана на нозе земјата. И низ бури и низ премрежја не дозволија темелите да бидат разнишани“, вели Мицкоски.

„Затоа почитувани присутни, чувствувам должност да кажам зошто денес прославуваме 30 години независност токму во Битола покрај тоа што многу пати сум кажал дека Битола е мојот главен приоритет. Денеска сме тука затоа што сакаме да направиме паралелна со сето она кое што се случува во ова наше тешко реално секојдневие политичко, а истата таа паралела не сакаме да биде со онаа паралелна прослава на Владата, затоа што ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, и кога на власта и е поедноставно, поудобно, да ги гази дебелите килими во Собранието, да парадира низ Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ му е чест и поудобно да биде овде во Битола заедно со народот“, подвлече Мицкоски.

Тој потсети дека ВМРО како организација со идеологија, иако не единствениот, е најзначајниот темел на македонската држава.

„Основачите на независната држава имаа јасна цел и затоа успеваа низ сите премрежја, но после бројни разочарување на тие потоа, по 30 години си го поставуваме вистинското и главно прашање – која е нашата цел како држава соочени со блокада кон ЕУ и минување на години каде власта не одредува ама буквално никаква цел. Кои ќе бидат нашите цели за наредните 30 години. Не ги слушаме, не ги гледаме од оваа власт.

Затоа, додаде Мицкоски, народе мој сонувам за големи работи за нашата Македонија, и не е доволно човека само да сонува, туку и да работи на остварување на тој сон.
„Јас сум подготвен за тоа. Јас го имам правото и честа да зборувам за тие цели, затоа што ги знам, ги имаме дефинирано и затоа што на сцена доаѓа нова генерација на политичари кои го имаат правото да зборат за тие цели. Нашата цел во следните 30 години мора да биде да влеземе во првите 15 економии во Европа. Да не збориме за мини шенгени како стратешки цели, туку да се бориме стандард да постигнеме како една Австрија. Економијата да расте со просечни од 5 до 6 проценти годишно, а не да се радуваме на секој еден обичен плус во економијата. Нашата нова цел мора да биде да влеземе како Македонци во Европската унија со наш идентитет, и зачувани традиции. Да бидеме на масата на рамноправните, и одвнатре да се бориме за нашите права. И не само влез во Унијата, туку и уривање на границите меѓу земјите и влез во Шенген зоната.

Мицкоски нагласи дена нашата цел за наредните триесет години мора да биде уривање и на последните стереотипи, поделби, клевети и обвинувања, но и градење на мостови, подобро здравство, поголема вработеност, повисоки плати, повиско стандард.
„Јас ќе уривам ѕидови кои делат и ќе градам мостови кои што ќе обединуваат. Ќе обединуваат буквално од Липково до Кривогаштани, од Тетово до Штип. Мора да градиме мостови, и да се разликуваме помеѓу себе и да се разликуваме помеѓу себе и по идеите и во натпреварот кој повеќе ќе направи за нашата Македонија. Нашата цел е во следните 30 години е дека мора да ги вратиме децата, семејствата кои се иселија и си заминаа. Нема град во светот каде нема да најдете Македонец на некоја висока позиција, и ако успеал таму при жестока конкуренција зошто да не успее тука. Да ги вратиме светилките во градовите и селата. Целта во следните 30 години мора да биде Македонија да развие индустрија која ќе биде оддржлива. Каде ќе има барем една фабрика на познат бренд на автомобили, бизнис инкубатори кои ќе генерираат бизниси, и да бидеме седиште на светски компании. Целта во следните 30 години мора да биде не само да влеземе во мапата на 1000 најдобри универзитети во светот, туку да се бориме за првите 100 места во светот, да се бориме со најдобрите“, изјави Мицкоски.

„На човека може да му ја одземат слободата, може да го ограничат, да се обидат да го понижат, но не може да му го одземат сонот, затоа што сонот е идеја, а идејата е вечна. Ова е мојот сон, за кој ќе направам се’ за да се обвистини“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ако не ВМРО-ДПМНЕ, нема кој друг бидејќи ВМРО е народот, а ВМРО и народот секогаш ги воделе најтешките битки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This