(Видео) Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид: Ново булеварско решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата на активности оние кои што беа започнати, но и оние кои што сега ќе започнат а беа дел од ветувањата на програмата на Кирил Пецаков.

Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти.

Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ.

Ќе се обидеме на локално ниво да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира. Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници.

Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This