April 25, 2024, 12:40 am

(Видео) Мицкockи добивa зakaни дека ќе биде yбиeн: Кyкaвици ми се зakaнyвaaт дека ќе ме oбeзглaвaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата во стопанската комора на информатичари, Масите даде изјава за медиумите во која откриј скандолзни закани по неговиот живот веднаш по објавувањето на мега-аферата со пасошите за голем број нарко босови ширум Европа.

Тој запраша дали овие патни исправи дадени со украдени лични податоци се уште се важечки и дали можеби уште некој бил обезглавен од криминалец со македонски пасош имајќи во предвид дека самиот тој добивал закани дека ќе биде обезглавен поради објавувањето на аферата.

-Дали уште некој е обезглавен во светот користејќи ги овие патни исправи, бидејќи јас имав такви закани во текот на минатата недела дека ќе биде обезглавен, дали некој е обезглавен, дали е отворена нова банкарска сметка низ која треба да поминат неколку милиони стекнати на незаконски начин поради трговија со опојна дрога. Еве прашајте ги дали некој ги поништил овие патни исправи, прашува Мицкоски.

Мицкоски тие кои што му се заканувале ги нарече кукавици.

-Јас кога би знаел би било полесно да се справам со тие кукавици. Каде да пријавам кога тие ме оставија без полициско обезбедување под изговор дека не е мојот живот во опасност, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This