April 26, 2024, 10:21 pm

(Видео) Mлaдитe нe ce мajmyни дa живeaт вo “6aнaнa дpжaвa”: Eвe зoштo и вo вpeмe нa кopoнa млaдитe cи зaминyвaaт oд Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Република Македонија, за жал, во изминатите години се соочува со масовно иселување на својот народ, не само поради економски причини, туку повеќе фактори кои доведуваат до тоа.

Според истражувањата кои се направени во изминатите неколку години, покажуваат дека една половина од младите сакаат да се иселат, а една третина од нив преземаат чекори за да го направат тоа дури во оваа Ковид-19 пандемија што е навистина загрижувачки.

Во еден извештај на Светската банка за „Миграција и одлив на мозоци во Европа и Централна Азија“ објавен пред 2 години, во изминатиот период, околу една четвртина од населението или приближно 500.000 луѓе ја напуштиле земјата. Британскиот угледен економски магазин „Економист“ ја стави Македонија на осмото место по одливот на мозоци, односно иселувањето на високо-образовани и талентирани луѓе во светот.

“Дeвaлвaциjaтa нa вpeднocтите во општеството во кое живееме, големата пapтизaциja, нeaжурностa на институциите, лошата животна средина се главните причини за емиграција”, вели д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, професорка на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Иако демографијата не е во фокус на нејзините научни истражувања, таа на студентите им предава социоекономска географија на Република Македонија, каде што се дава една општа слика за сите социоекономски карактеристики на земјава.

Кога најмногу се зголемило населението?

Таа објаснува дека најбрзо темпо на раст на населението во Македонија имало од 1948 година (кога е спроведен првиот попис по Втората светска војна) до 1953 година со просечно годишно 30.306 жители. Главна причина бил природниот прираст. Статистиката вели дека низок годишен пораст е евидентен во меѓупописниот период од 1953 до 1961 година. Во следните периоди поголемо зголемување е евидентирано помеѓу 1971 и 1981 (од 1.647.308 на 1.909.136 жители).

Во 1994 година населението во Македонија броело 1.945.932 жители кога е применета нова методологија за спроведување на пописот – во вкупното население не се вклучени жителите од Македонија кои за време на пописот престојувале во странство повеќе од една година. По истата методологија е спроведен и пописот во 2002 година, кога се евидентирани 2.022.547 жители. – вели професорката Апостоловска-Тошевска.

“Дeвaлвaциjaтa нa вpeднocтите во општеството во кое живееме, големата пapтизaциja, нeaжурностa на институциите, лошата животна средина се главните причини за емиграција”, вели д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, професорка на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Иако демографијата не е во фокус на нејзините научни истражувања, таа на студентите им предава социоекономска географија на Република Македонија, каде што се дава една општа слика за сите социоекономски карактеристики на земјава.

Кога одливот на население е голем, почнуваат проблемите

Cпоpeд нea, дoдeкa нe ce cпpoвeдe oфициjaлeн пoпиc вo зeмjaвa, нeмa дa можеме да добиеме вистински податок колку луѓе се иселиле од земјава во изминатата деценија.
Единствено податоци можат да се добиjат од странските извори на податоци (Светска банка, ОЕЦД, Евростат итн.). Во јавноста продефилираа многу бројки. Се споменува вкупна бројка од околу 600.000 (неофицијално) државјани на Македонија што живеат надвор од земјата.

“Дадов се од себе, јас и моето семејство да останеме во Македонија. Мислејќи дека факултетот ќе ми помогне, се запишав и ги завршив студиите по безбедност. Но, тоа не промени ништо. Со сопругот донесовме одлука и најпрво тој, а потоа и јас со двете деца ја напуштивме земјата. Животот во помалите градови стана претежок и во економската и во социјална смисла на зборот”, вели В. Трајковска, која од 2014 година живее во Белгија.

Број на невработени и вработени со високо образование

Во Националната стратегија за млади 2016-2025 година изработена од Министерството за образование и наука се укажува дека еден од клучните проблеми со којшто се соочуваат младите во земјава е високата стапка на т.н. младинска невработеност која во 2015 година кај младите од 15-24 години изнесувала 48,2%. Овој проблем според Министерството, е тесно поврзан со финансиската состојба и влијае на низа други прашања поврзани со квалитетот на животот. Загрижувачки, според стратегијата, е и процентот на млади кои не се вклучени во образование, работа или обука, а кој во 2013 година изнесувал речиси 30%.

Германија најпосакувана дестинација

Какви се состојбите отсликуваат и низата истражувања на разни домашни или меѓународни институции, владини или невладини. Како последно, она на германската Фондација „Фридрих Еберт“, кое покажува дека повеќе од две третини од испитаниците млади имаат желба да ја напуштат државата. Половина од нив преземаат конкретни мерки, а другата половина засега само сака да се пресели во западните земји.

Податоците од студијата се направени во 2018 и 2019 на повеќе од 10.000 испитаници на возраст помеѓу 14 и 29 години во 10 држави од Југоисточна Европа. За повеќето млади луѓе (48,3 %), главна причина за иселување е подобрување на животниот стандард. Младите се најсензитивни на корупцијата, социјалната неправда, сиромаштијата, невработеноста. Најпосакувана дестинација им е Германија, а веднаш по неа Швајцарија.

Отсуство на официјални податоци

Поради отсуството на официјални податоци, Инфомакс беше приморан да користи стари податоци, кои не доведоа до следниот заклучок.

Причините за иселувањето се јасни, но она што е нејасно се бројките. Точен статистички податок, или евиденција колку луѓе се иселиле од државата нема. Државната статистика не направила анализа од овој тип. Со точни податоци не располагаат ниту во останатите државни институции. Проблемот е сериозен, а решението нималку едноставно, коментираат упатените:

„Немањето евиденција е еден од проблемите и него го употребува, или злоупотребува политиката. Но факт е дека иселувањето, или желбата за иселување е присутна и таа е голема. Кај студентите е тоа евидентно, но исто така и кај оние што работат, а земаат ниски примања и тоа е поразително. Мотивите се разни, економски, политички, социјални. Ние ги гледаме површните работи, тие се доста произлезени од една длабока реалност, иако ова подрачје отсекогаш било миграциско“, коментира социологот Илија Ацески.

Brain Drain

Тема на иселувањето, во недостаток на точни статистички податоци е повеќе предмет на партиски препукувања отколку на институционални анализи. Но, проблемот, независно од партиската афилијација е препознаен. Тоа го потврдува и резолуцијата на миграциската политика за период од 2015 до 2020 што минатата година ја усвои Собранието. Во неа се наведува дека Македонија е меѓу десетте земји со најголем интензитет на одлив на мозоци.

Анализа на “Инфомакс”

– “Инфомакс” исто така направи истражување во Делчево во 2019 година, каде каде само за еден ден си заминаа на привремена работа во Италија околу илјада делчевчани. Во разговор со превозниците од Делчево дознаваме дека вкупната бројка на сеознски работници кои годинава заминале да работат во Италија е околу 5 илјади делчевчани. На прашањето која е демографијата на граѓаните кои заминуваат на привремена работа во Италија, одговорот беше истиот кој што ни го дадоа анкетираните граѓаните ,,и старо и младо си заминува од Македонија, годините не играат некоја улога”.

“Точно е, само ние превезуваме околу 1.600 работници и тоа само кон Италија. Другите превозници најмалку по толку”, изјави за “Инфомакс” превозник од Делчево.

Бројката од околу 5000 илјади сенозски работници само од Делчево значи дека повеќе од една третина од локалното население кое брои околу 18 илјади жители заминува надвор од државата во рок од 1 месец. Освен кон Италија, истокот на Македонија се сели и во други држави.

"Инфомакс" запраша неколку македонски граѓани, кои што се отселени од Република Македонија, поради кои причини ја направиле таа одлука во животот.

"Верувам дека Македонија се уште ги нема потребните услови за квалитет живот. Тоа барем мене лично ми беше доволна причина за да донесам таква одлука и да се отселам. Во Македонија како да нема доволно опции и можности за развој на професионално ниво во многу области. Едноставно сфатив дека, како што викаме ние "тоa е тоа".. Не ми беше лесно за да се одлучам за таков чекор... но морав". - вели девојка која што подолго време живее во Францијa.

"Ме прашувате за причините? По директен не можам да бидам. Кога стасавме во Велингтон и се сместивме и мајка ми мѝ кажа зошто всушност плачеше во Македонија. Во Македонија плачеше бидејки кога ќе го отворела фрижидерот гледала само решетки, немајќи притоа начин и можност како да го наполнат. Во Велингтон сега нема солзи и фрижидерот е полн... Ете тоа е наједноставната причина." - вели 39-годишник, иселеник од Република Македонија.
Егзодус во Делчево

Во еден ден 12 автобуси полни со луѓе заминаа за Италија на привремена работа.

Posted by infomax.mk on Wednesday, September 4, 2019

Н. П-А.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This