(Видео) Модераторот го пpekина Рама веднаш откако тој му порача на Радев да го отвори патот кон ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на Бледскиот стратешки форум што се одржува на темата „Иднината на Европа“, директно му порача на бугарскиот претседател Румен Радев да дозволи земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, да започне преговори со ЕУ.

-Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку европејци, бидете малку Балканци. Отворете го патот. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што? Отворете го патот за преговори. Дозволете ни да преговараме со нив, можете да бидете цело време на патот и да кажете не – блокираме овде, блокираме таму, застануваме тука, застануваме таму. Но, отворете го патот – истакна Рама.

Но веднаш откако албанскиот премиер го кажа ова, модератот го прекина, порачувајќи му дека ја разбрале пораката. Сепак, публиката со силен аплауз ја поздрави пораката на Рама до бугарскиот претседател.

Обраќањето на премиерот Рама започнува од 1:22:30

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This