March 29, 2024, 12:24 am

(Видео) Момировски: Познавајќи го Зaев, со Ковачевски само купува време за да може да го истера мандатот до крај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас мислам дека Заев сака да купи време, да се спушти топката, Ковачевски да биде пет шест месеци премиер“, изјави Горан Момировски во емисијата „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс, додавајќи дека верува дека ЗАев ќе се обиде да го истера мандатот до крај.

„Не очекувам предвремени избори бидејќи Зоран Заев е сѐ, ама не е политички самоубиец. Тој знае дека на избори, и сега и за два месеци, шест месеци тој ќе доживее катастрофален пораз. Моите проекции за СДСМ се 27-28 пратеници во моментов. Очекувам дека Зоран Заев за шест месеци повторно на барање на неговите сопартијци ќе се врати да го води СДСМ и ќе се обиде да го истера целиот мандат што е крајно спорно, крајно проблематично, бидејќи, познавајќи го Зоран Заев, не се работи за нормален политичар којшто влеголво политиката со изградени ставови, со бизниси, со образование, со доктроски титули и може да се врати некаде после четири години одработен мандат. Се работи за човек, кој, кога ќе ја изгуби власта, најпрвин една збирштина на луѓе ќе се свртат против него, од луѓето кои знаат тој што правел о цел да се договорат за своите криминали да не бидат гонети. Тоа ќе значи за ЗАев за три,шест, до девет месеци сериозни проблеми за него и неговите нјблиски луѓе. Очекувам дека меѓународниот фактор заради Преспанскиор договор ќе го заштити и нема да дозволи да отиде во затвор, но нема да го заштитат тој екстремно богат клуб околку него и тоа ќе биде умирање на рати. ЗАев можеби ќе биде лидер на СДСМ, можеи ќе има ненакво влијание во партијата, ќе биде многу богат, многу моќен на маргините, но во суштина, ќе треба да гледа како неговитен ајблиски луѓе се апсени, судени, затварани“, изјави Момировски.

Тој додаде дека се надева дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја повтори грешката од претходно па да прави спектакуларни апсења со цел некаков политички маркетинг.

„Се надевам дека сето тоа ќе оди во рамки на една нормална правосудна постапка. Време е за нормалност во Македонија“, додаде Момировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This