April 20, 2024, 12:54 am

(Видео) МУ ГО ЗАТBOPИЛЕ ОБЈЕКТОТ, ТОЈ ГИ ПОТСЕТИ: Заборавивте дека седевте на тие столици и маси пиевте безплатно, собиравте политички поени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Угостителскиот објект “Тhe Gallery House Pub”, кој пред извесно време беше затворен, откако комуналната инспекција на општина Прилеп го собра од објектот целиот инвентар од летната бавча, предизвика лавина реакции во јавноста, пренесува Маркукуле.

Според Бисерко Тркља кој беше сопственик на локалот, комуналните инспектори без никакво предупредување или налог го одзеле инвентарот, откако тој по претходен договор со инспекторите уплатил 40.000 денари од заостанатиот долг во висина од 89.000 денари.

Сопственикот пак на објектот, Киро Стојаноски, изјави дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот, па токму поради тоа следувале ваквите дејствија.

Денеска пак на објектот од затворениот локал осамна транспарент на кој пишува:

“Ја повикувам локалната власт на чеко со Градоначалникот на Советот Миле Талески, Комуналниот раководител Блаже Димоски и сите вработени во локалната самоуправа!! Градоначалниче вие бевте првиот што викавте нема рушење со “хилти”, летни бавчи, затворање објекти, а сега има трактори за ѓубре од Комуналец што безправно му наредивте да ги товараат масите, столиците и сепарината (инвертар вреден илјадници евра) и фрлени во некои хангари да ги јадат глувците. Заборавивте дека вие истите од ОО СДСМ седевте на тие столици и маси пиевте безплатно, собиравте политички поени!”

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This