(Видео) Мacaкар во Мјанмар: Нaјмалку 18 убиени во жeстоките cyдиpи на полицијата и вojската со дeмонстрантите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесаријатот за човекови прави при Обединетите нации соопшти дека најмалку 18 лица се убиени, а над 30 се повредени во неделата во Мјанмар во жестоките судири на полицијата и војската со демонстрантите против пучот.

Комесаријатот на ОН наведува дека добил „веродостојни информации“ дека смртта кај овие лица настапила при пукањето од страна на војската и полицијата врз толпата луѓе во Јангон, Давеи, Мандалеј, Миеику, Баго и Пококо. Солзавец и шок бомби исто така се користени.

„Силно го осудуваме ескалирачкото насилство против протестот во Мјанмар и ја повикуваме војската веднаш да запре со примената на сила против мирните демонстранти“, изјави портпаролката на Комесаријатот Равина Шамдасани.

„Меѓународната заедница мора да покаже солидарност со демонстрантите и со сите оние кои тежнеат кон враќање на демократијата во Мјанмар“, истакна Шамдасани.

Прочитајте и… САД ја одобрија вакцината на Џонсон и Џонсон која се дава во една доза: Што се предностите и како таа функционира?
Од военото преземање на власта на 1. февруари, Мјанмар го потресуваат масовни протести и кампања на граѓанска непослушност која ги поттикна државните службеници да запрат со работа.

Воената хунта во текот на викендот ја засили упоретребата на сила против масовните демонстрации на кои се бара предавање на власта и пуштање на слобода на цивилната лидерка Аунг Сан Су Ќи.

Полицијата и војската во изминатите недели веќе пукаше со гумени куршуми, солзавец и водени топови кон демонстраните во обид да ја сузбие граѓанската непослушност, а во изолирани случаии пукаа и со боева муниција.

Поголем број на припадници на безбедноснтие сили повторно се мобилизирани во неделата наутро за да ги растераат демонстрантите кои се собраа во неколку делови од земјата. Се одѕваа на повикот упатен преку социјалните мрежи и ги преплавија улиците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This