(Видео) Мoнcтрyм: Брeмeна жeна се обидeла да се сaмoyбие фpлaјќи се од прoзoрец порaди нeјзиниoт сoпруг – со дeнови била мaлтрeтиpана и фрлaла хаpтии за пoмoш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Застрашувачки сцени го обиколија светот од бразилскиот град Рио де Жанеиро кога несреќната Марија Хозе (35), која е во десеттата недела од бременоста, била подготвена да се фрли низ прозорецот на стан на вториот кат од зграда во предградието Дуке де Кахијас за да се спаси.

Монструмот, сепак, ја видел во моментот кога ја фрлила ногата низ прозорецот и веднаш ја фатил за вратот, повлекувајќи ја назад во станот.

Несреќната жена врескала и повикувала помош, викајќи гласно, продолжувајќи да се бори со Батиста, кој не избирајќи начин да ја совлада, ја удирал каде што може. Страшната сцена е снимена од соседите од соседната зграда, кои веднаш повикале полиција.

Батиста веднаш бил уапсен, а на Марија и била укажана лекарска помош.

Според бразилските медиуми, Батиста збеснал откако минатиот понеделник дознал дека неговата сопруга, која очигледно била заклучена во станот, со денови фрлала хартии низ прозорецот со порака дека и треба помош.

-Тоа беше едноставна расправија на нормален пар-Батиста се бранеше во полиција, додека несреќната Марија откри како континуирано ја тепал за време на двегодишната врска, и се заканувал дека ќе ја убие и нејзиниот четиригодишен син од претходна врска.

Инаку, Марија веќе еднаш избегала од чудовиштето, кога во мај успеала да скокне од прозорецот и да остане неповредена, пренесува Република.

– Љубоморен е и посесивен. Не ми дозволи да излезам на улица, можев само да одам на работа, но и ја загубив затоа што често ми го забрануваше тоа. Меѓутоа, имаше моменти кога ветуваше дека ќе се смени и јас верував во тоа – низ солзи рече несреќната жена и посочи дека, за жал, агресијата на нејзиниот сопруг само се засилувала со текот на времето.

Шефот на полицијата Фернанда Фернандез нагласи дека Хозе најверојатно нема да ја преживее тортурата доколку нејзините соседи не го виделе и снимиле насилството.

Видеото погледнете го ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This