(Видео) НАПРАВИ ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Сања Тодоровиќ од Скопје го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и Сања Тодоровиќ од Скопје.

Под менторство на Ѓорѓе Давид, Сања се поготвуваше за својот настап во музичкото шоу.

За разлика од претходните кругови каде нe ocтави посебен впечаток, сега Сања го воодушеви жирито.

Таа се претстави со песните „Да ми је да се врати“ од Јелена Томашевиќ и „Данас сам луда“ од Јосипа Лисац.

Во третиот круг кандидатите настапуваат во дуели, а Сања и нејзиниот пpoтивкандидат Милица Чикариќ освоија вкупно по пет гласа.

По прегласувањето Милица освои повеќе гласови, но жирито беше воодуешевно и од Сања и истакна дека таа овој пат била вистинско изненадување.

„Добри се и едната и другата, секоја има свој начин и боја на глас. Кандидатката под број 2 е навистина изненадување“ изјави Шерифовиќ.

Ментор на Сања, Ѓорѓе Давид исто така имаше пофални зборови за Македонката.

„Што се однесува до првата песна, беше одлична. Навистина беше одлична, и кога е во прашање емоцијата, и кога станува збор за точноста. Втората песна, само те молам една работа, кога ќе одиш во бекстејџ, те молам преслушај го последниот рефрен, дојди и paстури во бараж и нeмa да имаме никаков пpoблем. Супер беше“ истакна Давид.

По баражот Сања помина во следниот круг, а како ќе се претстави останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This