(Видео) Најмногу по Втората светска вojна: Неколку илјади американски вojници пристигнаа во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неделава во главното албанско пристаниште Драч пристигнаа голем број контејнери големи камиони пред одржувањето на воената вежба на НАТО, Бранител 2021, која ќе трае од 17 мај до 2 јуни.

Околу 700 парчиња опрема од борбениот тим на 53 пешадиска бригада на Националната гарда на Флорида се префрлени од американскиот товарен брод Боб Хоуп во Драч, 33 километри од главниот град Тирана. Тие ќе се користат за двонеделната обука во која ќе учествуваат до 6.000 американски војници во шест албански воени бази. Ова е дел од мултинационалната воена вежба под американско водство Бранител на Европа 2021, насочена на одвраќање агресија и изградба на оперативна спремност со НАТО и голем број сојузници и партнери. Во следните неколку дена се очекува да пристигне и британски воен брод.

Во Бранител на Европа годинава учествуваат околу 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 држави да извршат симултани операции на повеќе од 30 полигони за обука во над 10 држави, од Балтикот и Африка до Црното Море и Балканот. Американски функционери кажаа дека таква концентрација на воена опрема во Албанија не е видена од Втората светска војна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This