(Видео) Најсветлата комета помина над Јадранското Море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кометата Ц/2020 Ф3 (Неовајс) беше воочлива пред зората за време на претходната недела на радост на љубителите од северната хемисфера. Велат дека тоа е една од ретките комети која станала видлива за време на овој век, а се смета за натрапник во Сончевиот систем. Се нарекува уште и Голема комета 2020 година.

На видео снимка се гледа како кометата Нововајс од Италија се издигнува над Јадранското море. Се гледа како се крева притоа оставајќи опашка покрај светлите и брановидни облаци, со оддалечени ѕвезди во позадина. Се смета дека е најсјајната комета во последните 25 години.

НАСА кометата ја откри во месец март, пишува агенцијата Асошиејтед прес. Нејзиното јадро е покриено со материјал од саѓи, кој датира од почетоците на нашиот сончев систем, пред околу 4,6 милијарди години. Научниците кои учествуваат во оваа мисија велат дека кометата е со дијаметар од околу пет километри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This