(Видео) Најубавиот момент на олимпијадата: Двајца олимпијци поделија златен медал, емоциите не можеа да ги coкpијат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катарецот Мутаз Еса Баршим и Италијанецот Џанмарко Тамбери освоија златни медали во скок во вис на Олимписките Игри во Токио, што е првпат во историјата на Олимпијада во оваа дисциплина.

Баршим и Тамбери го освоија златото со прескокнат ист резултат: 2 метри и 37 сантиметри. Ист резултат имаше и Белорусинот Максим Недасекау но тој имаше и поголем број обиди од победничкиот тандем па ја освои бронзата.

Интересно, Баршим и Тамбери буквално се договараа дали да го поделат златниот медал на крајот, па во еден момент настана конфузна сцена. Жирито им кажа дека е нерешено и дека може да скокаат повторно за златото. Катарецот тогаш праша дали е можно двајцата да добијат златен медал, а кога судијата им одговори дека е можно, тогаш скокаа од среќа и радост:

Вицешампион, односно сребрен медал нема да има, а бронзата ја доби скокачот во вис од Белорусија.

Катарецот Баршим е легенда на скоковите во вис: тој е владетел на најдобриот резултат во историјата (само два сантиметри повеќе има легендарниот Хавиер Сотомајор (2,43) и неговиот рекорд трае уште веќе 28 години.

Мутаз Баршим е двократен светски шампион, има бронза од Олимписките Игри во Лондон и сребро од Рио. Интересно текот на сезоната не најавувал дека Баршим во добра форма ќе пристигне во Токио. Тој немал скок повисок од 2,30.

Во Токио ја крена формата на највисоко ниво и навистина би било штета таков шампион да остане без олимписко злато. На следните Игри во Париз Баршим кој сега има 33 години, не би имал големи шанси.

Италијанецот не беше сметан меѓу првите и главни фаворити, иако во последните години оствари големи победи. Тој е поранешен кошаркар, а во скоковите во вис има злато на Светско првенство и Европско во мешан стил. Во 2016-та скокнал дури 2,39.

Со голема поддршка од секторот каде седеше неговиот тим, Џанмарко направи фантастичен скок.

Судиите мораа да се справат со невообичаената ситуација: и двајцата натпреварувачи имаа скок од 2,39 па жирито им предложи секој да добие златен медал. Во ситуација кога и двајцата имаа по неколку многу напорни обиди, без проблем прифатија таква понуда. А и кој би одбил олимписко злато, макар го делел со друг.

Баршим и Тамбери важат за добри пријатели и лесно се договорија на самата тартан патека. Пред неколку години Баршим успеал да го извлече Тамбери од депресија откако Италијанецот доживеал тешка повреда и ја пропушти Олимпијадата 2016.

Сега дури и го покажа гипсот од тој период кој го чувал дури до Олимписките Игри во Токио летово 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This