(Видео) На Русковска и се зakaнува затвop од 5 години – Ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку се докажат тврдењата на Боки 13, Вилма Русковска може да добие и до пет години затвор, за исто дело како „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски, за кое во тек е судски процес. Бојан Јовановски во судница кажа дека преку СМС пораки, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, му барала камера со цел да се снима апсењето на Стевчо Јакимовски. Ваквиот потег на Русковска се коси со Кривичниот законик, а како што е пишано во членот 143.

-Тој што во вршењето на службата малтретира друг, го застрашува, го навредува или воопшто спрема него постапува на начин со кој се понижува човечкото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор од една до пет години, се вели во член 143 од КЗ.

Овие СМС пораки кои Боки 13 тврди дека ги има, се дел од доказите со кои Јовановски бара изземање на обвинителката, а за што тек ќе одлучува републичкиот јавен обвинител. Русковска подоцна само кажа доколку Јовановски има доказ за неговите тврдења, тие да ги предаде кај нејзините колеги во Обвинителството, не демантирајќи ништо.

-Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до Јовески, вели Русковска.

За потсетување при презентацијата на „Тортура“ против Сашо Мијалков и уште неколку лица, во 2016-та година на прес конференција на СЈО, Фатиме Фетаи во својот драматичен говор, откри дека токму камерите се една од причините поради која се поднесува обвинението.

-Го ставиле со лицето пред полски тоалет со лицето кон вратата на тоалетот и во таа положба го држеле повеќе од половина час, со цел истиот да биде снимен од медиумите кои што биле известени за настанот. Според сето ова не е тешко да се заклучи дека на оштетениот Љубе Бошковски му било предизвикано душевно страдање, директно му било понижено човечкото достоинство и личност, изјави Фетаи на 28.03.2016-та.

Покрај Бојан Јовановски, кој побара изземање на Вилма Русковска од овој кривичен процес, поради основано сомнение за нејзина пристрасност, истото го стори и обвинетата Фросина Ременски.

Видеото можете да го погледнете тука.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This