(Видео) Неверојатна животна приказна за која е снимен филм: Две девојки случајно биле заменети во болница, подоцна израснале заедно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неверојатната животна приказна на две девојки (23), кои случајно биле заменети при раѓање во сицилијанска болница, ја открива посебната врска на нивните мајки кои ја откриле грешката кога девојчињата имале три години. И’ особено – одлуката што ја донеле.

Катерина Аланија и Мелиса Фодера (23) како бебиња родени во Сицилија биле заменети.

Целата приказна започнува во болницата Mazara del Vallo во Сицилија. Катерина и Мелиса се родени на само 15 минути разлика во истата болница на 31. декември. Грешката ја направиле медицинските сестри, кои славеле Нова година.

Бебињата биле дадени на погрешни мајки и тие пораснале во погрешни семејства.

Иако мајките веднаш забележале дека бебињата носат бенкички што не се нивни и кои не им се познати, нивните сомнежи биле разбиени со помислата дека се измешала само гардеробата, односно бенкичките.

Грешката била откриена кога девојчињата имале три години. Маринела Аланија (51) дошла во градинка да ја земе ќерката и го забележала малото девојче Катерина, која неверојатно личела на нејзините други две ќерки.

Чувството не и дало мир.

Таа го гледала девојчето секој ден, а кога ја видела нејзината мајка, Жизел Фодера (47), веднаш се сетила на неа од породилиштето.

Таа станала многу сомничава и 15 дена подоцна направила ДНК тест.
Иако се сомневала кога пристигнале резултатите, таа била шокирана.
„Сето тоа беше нереално, изгледаше невозможно“, рекла таа.

Преку ДНК тестот, двете семејства ја откриле запрепастувачката вистина. По болното сознание, двете мајки ги зеле работите во свои раце.

Првично, мајките биле против замена на своите деца и нагло да ги вратат нивните биолошки деца.

„Тешко е само да се откажеш од детето што го храниш, воспитуваш, сакаш три години, иако станува збор за вообичаена грешка“, велат тие.

Тие се согласиле дека е најдобро постепено да се направи замената. За да им олеснат на девојчињата, но и на самите себе, Мелиса и Катерина поминувале време со двете семејства. За да бидат работите уште полесни, мајките се согласиле да ги одгледаат девојчињата заедно и да живеат во иста куќа.

Сепак, најтешкиот дел допрва доаѓал

Експертите ги советувале семејствата да поминат најмалку шест месеци одвоено, со цел да им се даде можност на девојчињата да се навикнат и да се прилагодат на нивните биолошки родители и новиот живот. И тие ги послушале. Се разделиле, но мајките не можеле да издржат.

„Ние две си плачевме една на друга преку телефон секој ден. Можеби поминаа три месеци и решивме дека не можеме да го сториме тоа. Се најдовме и се договоривме дека никогаш нема да се разделиме”, објаснува Маринела.

Семејствата повторно почнале да живеат заедно, и постепено се зближиле. Девојчињата почнале заедно да слават родендени, и седеле заедно на училиште.

Додека девојчињата не наполниле 8. години, ништо не им било кажано. Дури тогаш, кога биле доволно возрасни за да сфатат дека се случила замена за раѓање, им била кажана вистината.

Девојчињата тогаш признале дека дури и’ не се сеќаваат на периодот од првите три години од животот.

Другата мајка, за која знаеле само до тригодишна возраст, се’ уште се нарекува „втора мајка“.

Требало да се направи уште една работа – нивните имиња. За да се биде поедноставно, сите се согласиле да ги задржат своите имиња како што им биле дадени и да не ги менуваат.

Мауро Капорицио, автор на ТВ-филмот „Сестри засекогаш“, снимен за РАИ, што ќе се емитува оваа недела, изјавил за Тајмс: „Денес тие се како близначкии, повеќе од сестри. И тука е оној неверојатен вид љубов што врзува две семејства“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This