(Видео) НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА: Објавен документарец за тоа како се снимаше ,,Нешто ќе те питам бабо”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Познатото дуо „Некст тајм“, составено од бражата Стефан и Мартин, кон крајот на март ја воодушевија македонската публика со нивната нова песна, преработката на „Нешто ќе те питам бабо“, а сега тие објавија и документарец за тоа како всушност дошло до оваа идеја.

“Нешто ќе те питам бабо” ги урива сите рекорди

Момците од дуото завчера го претставија документарецот за овој проект, кој премиерно беше прикажан и на самата промоција во Драмскиот театар. Во документарецот е претставено како течеше процесот за изборот, но и за контроверзиите што ги предизвикува песната, која всушност е посветена на Тодор Александров.

Инаку песната беше промовирана кон крајот на март, а доби многу позитивни коментари од публиката. Социјалните мрежи буквално беа преплавени со оваа песна и речиси сите ја споделуваа на своите профили, со позитивни коментари за дуото. На Јутјуб песната има 1,444,227 прегледи.

Браво само напред за Македонија, Во вистински момент, кога е најтешко!, Одлична Македонска песна! ,Да живее мајка Македонија, се само дел од коментарите кои стојат под официјалниот видео запис. !

Песната беше промовирана во Драмски театар каде сите едногласно скандираа „Македонија, Македонија“. Браќата Стефан и Мартин, уште еднаш успеаа да ги растопат срцата и да ги разбудат емоциите кај Македонците.

Оваа песна е дело на нивниот познат тим на соработници, аранжманот е дело на Никола Мицевски, а видеото е во режија на Огнен Шапковски а е посветена на македонскиот вojвода Тодор Александров кој бил убиен на 31 август 1924 година.

Како и претходните две – „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“ – оваа преработка наиде на позитивни реакции кај публиката. Во продолжение погледнете го документарецот.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This