(Видео) Неверојатно, мотор од тенк вграден во автомобил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Швеѓанецот Даниел Вернер спои автомобили тенк. Тој вгради мотор од тенк од Втората светска војна во стар полициски автомобил „Форд Крун“.

Вернер решил да направи автомобил со многу голем мотор, а најпрво пробал во „Форд“ да стави мотор од авион, пренесе Дравтрајб.

Сепак, беше преголем залак, па се реши за тенк на Втората светска војна.

Станува збор за „метеор“ мотор „Ролс-Ројс“, со волумен од 27 литри, или 27.000 кубни метри, кој порано се окристеше за тенкови.

Тоа е мотор V12, кој развива 550 коњски сили.

Сепак, тоа не му беше доволно на Вернер, па тој вгради два турбополначи на моторот, бидејќи неговиот план беше да го засили моторот за да може да развие 2.500 коњски сили.

Бидејќи тенкот е многу тежок, Швеѓанецот ја засили целата предна конструкција на автомобилот.

Работата сè уште не е завршена, а Вернер наведува дека неговата цел е неговиот тенк-автомобил да достигне брзина од 320 километри на час.

Вернер прави сè сам и сам го финансира проект, а во моментот треба да го реши проблемот со резервоарот за гориво. Имено, тенкот има огромна потрошувачка, а во резервоарот „Форд“ можат да се сместат само 72 литри гориво, што е доволно за автомобил, но не и за моторот од тенкот

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This