(Видео) НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Индиkации за вoнземсkи живот на нова „супер планета“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За разлика од нашиот сончев систем, каде разликите во големината и условите на планетите се огромни, во новооткриениот ѕвезден систем, наречен ТОИ 270, планетите се со еднаква големина.

Сателитските прегледи за егзопланета на НАСА, или TESS, преку моќниот вселенски телескоп дизајниран за истражување на вселената и потрагата по вонземски живот, им помогна на астрономите да откријат дури три планети во нашето соседство.

Тоа е „супер земја“, карпеста планета која е поголема од Земјата, но изгледа многу полесна отколку што е. Другите две планети се половина помали од Нептун и се состојат претежно од мраз, и се оддалечени само 73 светлосни години и се наоѓаат во блискиот систем ѕвезди ТОИ 270.

Еден се наоѓа во т.н. зона на живот, каде постои можност од живот на неа. Научниците се сkeптични дека ова би можело да се оствари. Според снимките што ги добиле од ТЕСС, атмосферата на таа планета е веројатно премногу густа за да го поддржи животното создавање.

Интересно е што за разлика од нашиот сончев систем, каде разликите во големината и условите на планетите се огромни, во ТОИ 270 планетите се со еднаква големина. Ова може да им помогне на научниците да откријат како се формираат ледени и карпести планети, и дали има значителна разлика во нивното формирање што доведува до разлика во составот.

Новооткриените планети се сè уште интересни за научниците. Тие имаат неверојатна математичка еднаквост што научниците сè уште не ја разбираат. Кога планетите се порамнети, односот помеѓу нивните орбити е многу близу до цели броеви. Значи, двете внатрешни планети имаат сооднос 3:5 – тоа би значи дека планетата три дена орбитира околу ѕвездата, додека на помалата планета и се потребни 5 дена. Односот помеѓу неа и нејзината ѕвезда е приближно 2:1.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This