(Видео) „НЕЗАВИСНИОТ“ ЈОВЕВСКИ: Снимен во Солун со активистка на СДСМ како купува фармерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот обвинител Љубомир Јовески викендов бил во посета на соседна Грција, заедно со активистката на владејачката СДСМ, Катерина Цаневска.

До редакцијата на „Лидер“ пристигнаа две снимки од неговиот шопинг, кој аматерски се направени од граѓанин кој се затекнал во истиот објект. На снимките се забележува како првиот човек на ОЈО, заедно со неколку годишната истакната активистка на владејачката партија, си одбира фармерки во објектот Космос во „Солун“.

Инаку, неговата пријателка Катерина Цаневска порано беше новинарка на ТВ А1, но по доаѓањето на Андреј Жерновски на позицијата градоначалник на Општина Центар, таа почна политичка кариера како дел од неговиот пропаганден тим. Од тогаш па наваму, Цаневска постојано е активна во владејачката СДСМ.

Вечерва во клубот на пратеници, лидерите на двете најголеми политички партии Христијан Мицкоски и Зоран Заев, ќе се координираат околу одлуката на собранието за тоа каде ќе завршат случаите на СЈО.

Пред само 2 месеци, Јовески имаше став дека е беспредметно случаите да се префрлат во регуларното обвинителство, но под чудни околности, првиот човек на обвинителството се премисли и сега ја застапува тезата на премиерот Заев дека ЈО треба да ги преземе случаите на СЈО.

Дали можеби за ваквата промена на ставовите влијаела неговата нова пријателка од СДСМ, останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This