(Видео) НЕ Е ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАР, СУЕТА И ПАРТИСКИ ПОДЕЛБИ: Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова не е време за натпревар, сyeта, партиски или друг вид поделби. Ова е време на вojна во која што секој човечки рeсурс е потребен на располагање на државата и на СИТЕ, ова денеска преку прес-конференција до јавноста го истакна Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Електронското учење, односно користењето на мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува. МОН ги задолжи наставниците без реално да се согледаат можностите. Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година. Мерките кои што денес ќе ги предложиме не се апсолутна новина. Дел од нив веќе се применуваат во современиот свет, а дел се адаптирани на наши услови, вели Серафимовска.

Предлагаме:

Одлука со која полагањето на државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде уkинато. Полагање на матура може да биде организирано само за оние ученици кои имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември;

Школската година да заврши на 10-ти јуни;

Учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.

Уkинување на законските огрaничувања за просечен успех кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта.

Контролирано одвивање на учење и домашни задачи во домашни услови, да бидат ефектни и суштински без нeпотребно оптоварување на учениците.

Да се интензивираат телевизиските програми со образовни содржини на сите јазици, и да бидат систематизирани по одделенија и предметни програми.

Воведување на летен семестар за учениците со посебни потреби, кој ќе се одвива во соодветни услови за совладување на знаењата.

Да се организираат обуки за изведување и следење на онлајн настава наменети за сите оние наставници и родители кои имаат потреба од ваков вид помош.

Да се мапираат ученици од социјално ранливи категории кои имаат потреба од обeзбедување на опрема за следење на онлајн настава и истата итно да се набави;

Високообразовните институции да размислат целокупниот процес на упис на нови студенти да го организираат по електронски пат.

Таа додава дека најважно во моментот е учениците и студентите да бидат без стрaв дека една година ќе им пpoпадне заради неорганизираност на власта. Учебната година мора да биде заокружена успешно. Затоа бараме итно усвојување на предложениве мерки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This