(Видео) НЕ МОЖЕШЕ ДА ГИ ЗАПPE СОЛЗИТЕ, ГО БAHИРАЛЕ ДОЖИBOTHO: До крајот на животот не може да игра Фортнајт го бaниpaле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тинеџерот објави јавно извинување за своите обожаватели, откако призна дека доживотно му е забрането да ја игра играта „Fortnite“, затоа што го фатиле како мами. Јутуберот Џарвис Каје попознат како FaZe Jarvis, се извини на своите 2 милиони претплатници и откри дека му е одредена трајна забрана од Epic Games.

Про-гејмерот не мамел за време на гејмерки натпревар, но поставил видеот во кои сите можат да видат како тој користи „ејмботс“ кои им овозможуваат на натпреварувачите да пукаат во другите без внимателно да целат, во јавна игра користејќи алтернативна сметка. Тој објави видео во кое низ солзи им кажува на своите 2 милиони претплатници дека не бил свесен дека неговите постапки ќе доведат до забрана.

Братот на 17-годишното момче вели дека е многу вознемирен и дека не е фер бидејќи и други луѓе правеле слични работи, но не добиле толку строги казни. Сепак Џарвис вели дека нема да се откаже и дека ова не е крајот на неговата кариера како гејмер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This