(Видео) Николоски: Имам докази дека биле изрekeтирани над 20 милиони евра и тоа ќе го докажам пред суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес се појави пред основниот граѓански суд на рочиштето за клевета во кое тужител е премиерот Зоран Заев, а Николоски е во својство на тужен. Рочиштето беше одложено за во јуни. Николоски во изјава за Инфомакс посочи дека останува на изјавата дека се вршел рекет и дека има и докази кои ќе ги презентира на закажаното рочиште во Јуни.

„Денеска требаше да се одржи рочиште по предметот во којшто Зоран Заев ме тужи за клевета. Јас останувам на изјавата дека се изрекетирани повеќе од еден бизнисмен, и дека се рекетирани над 20 милиони евра. Стојам на таа изјава и рочиштете ќе се одржи на втори јуни имајќи предвид дека има здравствени проблеми тука во судот. Тогаш ќе дојдам и ќе ги искажам моите ставови и аргументи и докази коишто ги имам и ќе направам распит на Зоран Заев како што е редот за да ги покажам доказите коишто ги имам“, изјави Николоски.

Изјавата на Александар Николоски за Инфомакс можете да ја погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This