(Видео) Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се увезува тутун во државата додека не се откупи последниот килограм македонски тутун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мотив плус веднаш после победата на изборите на 15 јули да работиме за брза реализација на нашето клучно ветување за следните четири години, автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница, истакна денеска од Прилеп, носителот на листа во ИЕ 4 од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Имено знаете дека експресниот пат кој што се градеше од Градско до Прилеп е стопирано од моментот на постојното патно решение има неколку семафори кои што навистина го прават патувањето невозможно.
Она што сакам денес да го истакнам е дека ќе имаме средба со културните работници тука во Прилеп, за мене исклучително значајна средба затоа што тука во Прилеп планираме да изградиме нов објект за театарот. Има навистина квалитетен театар во Прилеп, и има навистина добра публика и заслужуваат да имаат современ објект кој што објект ќе може да ги прими сите љубители на уметноста. Понатаму, старата чаршија која во изминатиот период се повеќе е затворена, а се повеќе дуќани се празни заради економската ситуација, целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа. Секако тука остануваат клучните ветувања поврзани со земјоделието, пред се со откупот на тутунот. Споменам ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со кој што ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун, нагласи тој.

Николоски посочи дека во исто време, пред недела дена споменал, но еве недела дена помина и нема никаков одговор да го поставам повторно прашањето директорот на тутунскиот комбинат поставен од владата, тутунскиот комбинат целосно во сопственост на државата зема нето 3.5000 евра плата, бруто 5.500 евра плата.

-Како е тоа возможно во услови кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај.Тоа е нешто за што мора да има одговорност, пред се морална, а ако има основи секако и за кривична.И последната работа која што сакам да ја спомена, со денови го правам овој апел се надевам дека од тука од Прилеп ќе бидам послушан, имено една од основните ветувања од нашата програма е враќање на владеењето на правото, како еден од најзначајните проекти е проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години.Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе во јавност и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое во изминатите 18 години колку што тој е вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија.
Значи, јавно го повикувам да ја направи таа работа да излезе да каже дали може да го докаже потеклото на капиталот. И последна работа, поврзана со медиумите, во изминатата недела имавме две покани од две национални телевизии за соочување за дуел на кои требаше да споредиме што имаме да понудиме во Четвртата изборна единица, но Заев два пати избега, го повикувам на кој сака медиум , во кое и да сака време да излеземе да ги споредиме нашата програма, онаа на СДСМ и да видиме дали граѓаните ќе дадат доверба за промени. Јас сум убеден дека промените ќе се случат на 15-ти јули со една масовна излезност, нагласи Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This