(Видео) Николоски: СДСМ и ДУИ пpeкy JO во Тетово си нapaчyваат извeштaj кaкoв штo им oдгoвapа co цeл дa скpијaт oдгoвopност, а таа е кај Венко Филипче

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно е дека СДСМ и ДУИ преку обвинителството во Тетово си нарачуваат извештај каков што им одговара со цел да скријат одговорност, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Општина Кисела Вода, одговарајќи на новинарско прашање во врска со извештајот за модуларната во Тетово, и додаде дека најодговорен за целиот случај е министерот за здравство Венко Филипче, бидејќи тој е одговор за изградбата на модуларните кои се во неговото министерство.

Николоски истакна дека во најмала рака смешно е да се тврди дека 14 човечки животи се загубија заради некаков кабел.

– Во исто време дури и да е така како што тврди тетовското обвинителство, повторно одговорноста е кај Венко Филипче затоа што тој е министер за здравство и тој е најодговорен за изградбата на модуларните болници и за нивното функционирање, затоа што тие се во рамките на министерството за здравство и знаеме дека со промените на Законот за градење целосно е прескокната процедурата на кој начин истите требало да бидат изградени, рече Николоски.

Тој нагласи дека  од одговорност не може да избегаат и одговорност ќе се случи после овие локални избори после кои ќе има и ново парламентарно мнозинство , затоа што 14 човечки животи кои беа загубени не можат да завршат со некаков кабел кој не бил исправен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This