March 28, 2024, 11:10 pm

(Видео) Николоски со пecнaтa „Зaпejтe cитe aнгeли“ гo oдбeлeжa ocвeтyвaњeтo нa coбopниoт хpaм Св. Климeнт Oхридcки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски со песната од Гоце Николовски „Запејте сите ангели“ го одбележа осветувањето на соборниот храм на Македонската православна црква Св. Климент Охридски кое се случило на денешен ден 1990-та година.

Според него, ова е највелепен храм осветен во очи на прогласувањето на независноста на Македонија. Во продолжение ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

– На денешен ден во 1990 беше осветен соборниот храм на Македонската православна црква Св. Климент Охридски.

Најголемиот и највелепен храм осветен во очи на прогласувањето на независноста на Македонија е симбол на самобитноста на македонскиот народ, оспорувана во минатото и денес, но вечна како што е и Македонија.

Уште многу векови за храмот наш со оваа прекрасна песна на Гоце Николовски посветена на осветувањето на храмот:

Храмот е вознес за вечни времиња,

гордост на Македонија,

признале некои или не,

со тебе, мајко, постоиме.

Запејте сите ангели,

загрмете стари камбани,

збирајте се, Македонци,

бидете благословени, напиша Николоски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This