(Видео) НИНА ГРУПЕР ГО КОПИРА СТАВРЕВСКИ: Се враќа наградната игра со фискалните сметки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Мој ДДВ, моја награда“ наместо „Фискална во рака, награда без мака“ – власта го враќа проектот стар повеќе од половина деценија кој како опозиција жестоко го критикуваше.

Сепак, Нина Ангеловска вели дека не го копира Зоран Ставрески кој прв ја воведе оваа мерка. Идејата ја добила од книга.

„Има успешни примери во книги, во литература наведено. Има и во регионот во Србија, во Хрватска… Навистина интересна наградна игра која ќе ги врати парите кај граѓаните и ќе ги награди затоа што тие помагаат во борбата со сивата економија и даночната евазија“ изјави Нина Ангелевска, министер за финансии.

А пред само еден месец министерката за финансии тврдеше дека наградните игри не се вистинскиот начин за борба со сивата економија и дека апликацијата „Мој ДДВ“ ги дава посакуваните ефекти.

„Порано беше ‘Фискална во рака, награда без мака’ – зошто тогаш не беше намалено ДДВ-то. Тогаш фискалните се испраќаа во плик и се доделуваа станови. Ја користевте како мерка за да адресирате проблем со која мислевте дека ќе ја решите сивата економија“ реплицираше Нина Ангеловска на расправата за ребалансот на буџетот на почетокот на септември.

СДСМ како опозиција жестоко се противеше на ваквиот проект на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако ги турнаа граѓаните во мизерија и сиромаштија, сега преку игри си поигруваат со нивната надеж… Кој е организаторот на наградната игра премиере Груевски и ЛОТО – вицепремиере Ставрески? Дали е Лотарија на Македонија којашто го прави шоуто или Владата на Република Македонија којашто е негов нарачател?“ изјави Хари Локвенец, СДСМ (27.01.2014).

Старо – новата наградна игра повторно ќе ја организира Државната лотарија по налог на Министерството за финансии. Ќе започне на 25-ти ноември, фондот за добивки за првата година ќе биде половина милион евра.

Инаку апликацијата „Мој ДДВ“ со која треба да се вратат 15% од платениот данок ја симнале 200 илјади граѓани, но само околу половина од нив активно скенираат фискални сметки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This