(Видео) Ниту маски, ниту растојание: Хаос во „Нижеполе“, ски-центарот преполн со посетители, мерките не се почитуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По најавата дека стазата е отворена, но и дека нема да се наплатуваат карти, ски-центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона, пишува А1он.

„Денес сите патишта водат кон ски-центарот Нижеполе. Патот чист, ски патеката подготвена, сонцето само што изгреа, топлиот планински чај ве очекува“, објавија утрово од ски-центарот.

Најголема гужва има околу кафетеријата, каде посетителите одмораат пред и по скијањето, а може да се забележи дека не се одржува растојание согласно препораките за спречување на ширење на ковид-19, а многу од посетителите не носат ниту маски.

Според протоколот, задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување редот, дисциплината и растојанието меѓу посетителите и носењето на лична заштитна опрема – маски пред качување на жичарницата и ски лифтовите.

„Ски центарот ќе врши редовна дезинфекција на жичарницата и ски лифтовите. Пред секоја жичарница, ски лифт, билетара и пред секое бачило да биде поставен пулт за дезинфекција на раце. Задолжително е носење на лична заштитна опрема – маски на вработените во Скијачкиот центар“, пишува во Протоколот со мерки за работа на скијачките центри.

И вчеравечер имаше посетители на ски-центарот „Нижеполе“. Дел од гостите беа и на ноќно скијање.

Night skiing Nizepole

Нижеполе, Пелистер во моментов, -11.8°CНоќно скијање до 21h

Posted by SkiMacedonia on Saturday, January 16, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This