April 25, 2024, 12:12 am

(Видео) HOВИ ДETAЛИ ЗА БEГCTBOТО НА СПАСОВ: Поранешниот негов адвokaт вели дека пocледен пaт го видeл пред 2-3 недели

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов од вчера и официјално се  бара со потерница откако на 18 октомври тој не се појави во затворот во Штип каде што требаше да заврши со издржување на затворската казна од 14 години.

По нецели 6 години тој беше пуштен од затворот во Идризово на домашно лекување, неофицијално боледувајќи од вид на тумор. За време на судењето и извршувуањето на казната, Спасов промени повеќе адвокати, а беше застапуван и од страна на познатиот стрмички адвокат Ване Андреев кој правно го застапуваше Зоран Заев во случајот пуч.

Првичното барање за домашно лекувуање било доставено од штипскиот адвокат Методи ПопМетодиев. Нашите информации велат дека последното барање на Спасов е одобрено од судијата Ѓорѓиј Андонов кој неодамна е и унапреден во претседател на освновниот суд во Штип, а негов близок роднина е Александар Кангалов кој е претседател на општинската организација на СДСМ во Штип.

Во разговор со поранешниот негов адвокатат, Методиев тој ни нагласи дека деловен контакт со него немал некои 5-6 месеци и не знае кој адвокат го поднел последното барање за домашно лекување на Спасов. Оттаму тој вели дека не може да знае каде сега се наоѓа Спасов. Штипскиот адвокат за Инфомакс вели дека низ градот случајно го забележал  последен пат пред 2-3 недели.

 

Поштарот е виновен за бегството на Игор Спасов убиецот на Мартин Нешковски. Известувањето дека поранешниот специјалец е затворски бегалец, од затворот Идризово, до судијата за извршување санкции во Штип патувало цели три дена објаснуваат од Судот, па затоа бегството се случило во понеделникот, а судот после една недела дало наредба на МВР да го бараат осуденикот. И сега полицијата треба да разрешува невозможни мисии, оти на големо се шпекулира дека поранешниот специјалец е пребеган во Турција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели се додека институциите се однесуваат ноншалантно, ќе трпи борбата со криминалот.

-Сосема е јасно кој потфрлил. При издржувањето на казна затвор МВР нема никаква надлежност тоа е под Министерствоза правда. Казнено поправните установи ги носат одлуките врз основа на нивни прописи, закони и на крајот на краиштата нивните проценки треба да бидат тие кои ќе се базираат на соодветни сознанија за тоа дали  и во кои услови тоа лице треба да биде пуштено да се лекува или слободно да се движи – изјави Спасовски.

Погледнете го последното интервју на братот на Нешковски во кое тој испрати апел до народот…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This