(Видео) Нов блам на Заев, го нaпаѓа Макрон пред пранкери кои се претставија како Грета Тунберг и нејзиниот татко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев стана мета на нов меѓународен блам овој пат на пранкери кои се преставија како активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко. Имено тие во телефонски разговор со Заев разговараат за повеќе теми.

Точниот период не е познат, но се претпоставува дека пранкот е од месец ноември минатата година кога и самата влада и советникот на Заев Забарчанец театрално се пофали дека бил спречен хибриден напад.

-Сопрен е Хибриден напад кон владата од пранкери, соопшти Забарчанец. Очигледно не ја говореле вистината бидејќи од разговорот кој е објавен се гледа дека Заев за време на целиот разговор нема пиметено дека е жртва на пранкерски напад.

Од разговорот се гледа дека Заев го напаѓа Францускиот претседател Макрон за кого се согласува дека е ужасен човек и дели совет дека мора да е поодговорен. Тој ветува дека ќе затвори аеродроми поради барањето на божемната Грета дека така ќе се сопре загадувањето, а потоа вели дека ќе дозволи нејзиниот татко да пуши марихуана во Скопје.

Тој вели дека е добар предогот на мигрантите да им се даде вдомување и работа во земјава, иако тие ги реферирале западните земји зошто тука не се живееело добро.

Во продолжение интегралниот превод од објавеното видео.

Интегрален текст

Зоран Заев: Ало

Грета Тунберг: Ало, тука е Грета

Зоран Заев: Здраво Грета, Зоран Заев зборува, задоволство ми е што зборувам со тебе

Грета Тунберг: Благодарам. Сум слушнала многу за вашата убава земја и мојот пријател г.Џорџ Сорос ми зборуваше многу за вас и вашата држава.

Зоран Заев: Благодарам многу. Сорос фондацијата е еден од најголемите поддржувачи овде, за да го зголемиме капацитетот, да ја зголемиме демократијата.

Грета Тунберг: Да, и ми кажа дека сте голем лидер посветен на земјата, обврзан кон иднината.

Зоран Заев: Фала Грета. Подоцна други го сменивме и името, официјалното име на земјата затоа што сакаме да градиме пријателство, да бидеме модерна земја и сега станавме Република Северна Македонија.

Грета Тунберг: би сакала да дојдам и да направам протест за климатските промени во Скопје и да бидеме од корист за вас

Зоран Заев: Одлично, ќе ни биде голема чест да те имаме тука

Грета Тунберг: Да, да ќе дојдам затоа што сеуште има проблеми во Северна Македонија, вклучително воздухот, загадувањето на водата, особено околу Скопје и исчезнувањето на шумите

Зоран Заев: Да, да

Грета Тунберг: Макрон (Францускиот претседател) е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, незнам што им има ветено.

Зоран Заев: Нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде повеќе подговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од апсект на постојано менување на позициите.

Грета Тунберг: Можам да замислам дека тие износи се големи пари за вашата држава и сум разочарана што Западот не ве поддржува и ве остави сам и мислам дека тоа е поради Трамп. Го мразам. Тој е непријател на заштитата на природата.

Зоран Заев: Тие политичари имаат поврзаност меѓу нив и се водат од тоа, но на крајот од денот мораме да бидеме одговорни сите ние и да носиме тешки одлуки, позитивни одлуки и тоа е нешто во кои сите ние можеме да учествуваме за време на нашиот мандат бидејќи е чест и одговорност за да се носат големи политички одлуки и во тој правец не се откажувај продолжи да се бориш и да не мотивираш сите нас.

Грета Тунберг: Фала би било одлично сите да мислат така. На пример Трамп не мисли највеќе на себе, а не за неговата земја, не за демократијата во светот и затоа Трамп ве напушти и само тој можеше да се јави на Макрон и да му каже дека требаше да бидете во Европската Унија и работата ќе беше завршена.

Зоран Заев: Алекс ни помага многу со Сорос фондацијата, тие ќе продолжат да ни помагаат на принципиелен начин, нормално, но ќе мора да продолжиме да се бориме. Ти си една мала паметна дама и сакам да те охрабрам да ја продолжиш твојата борба затоа што си голема мотивација на целиот свет.

Таткото на Грета Тунберг: Ти исто така треба да се бориш. Имаш многу потешкотии и знам дека имаш избори на пролет и ние можеме да ти помогнеме во ПР прашањата

Грета Тунберг: Да, да тоа би било добро, сигурна сум дека си добар премиер

Зоран Заев: Фала Грета

Таткото на Грета Тунберг: И ние ќе те поддржиме и ќе ти помогнеме меѓу гласачите за време на изборите

Зоран Заев: Ќе направиме се што е возможно затоа што искрено веруваме во тоа.

Грета Тунберг: Да можеби треба да започнеме со аеродромите. Знаете ли колку аеродроми имате во државата.

Зоран Заев: што колку? Аеродроми?

Таткото на Грета Тунберг: Да

Зоран Заев: Два. Имаме еден во нашиот главен град и друг во нашето познато туристико место Охрид со нашето најстаро езеро заштитено од Унеско.

Грета Тунберг: Мислам дека треба да затворите некој од аеродромите за да се намалат јаглеродните емисии.

Зоран Заев: Во ред, тоа е исто така добра идеја. Да зошто да не. Зошто да не. Секоја идеја е добро да се разработи имплематицијата и да се има добри резултати од тоа. Имаме само два аеродрома, немаме повеќе, но ние сме мала земја. Овде во регионот имаме многу ародроми.

Таткото на Грета Тунберг: хахаха, Грета стоп, мигрантите така нема да можат да дојдат во Северна Македонија.

Зоран Заев: Да, хахаха. Но мора Грета да не посети нас. Како ќе дојде Грета до нас?

Таткото на Грета Тунберг: мислам дека тоа е поважно.

Зоран Заев: да се согласувам

Грета Тунберг: мислам дека Северна Македонија е одлична земја за мигранти. Ќе биде одличен пример за Европа и вашата посветеност кон Европската Унија и вашата посветеност кон хуманизацијата.

Зоран Заев: Да, ние работиме заедно со Европската Комисија. Хуманите аспекти на она што се случува тука е едно од важните……од нашата земја. Тие не се многу заинтересирани да останат тука зошто имаме помали економски стандарди во споредба со западните стандарди во Европа, но менаџираме заедно. Хуманиот третман е многу важен. Бидејќи миграцијата не се случува само од Сирија туку и од Авганистан од некои афрички држави.

Грета Тунберг: да, а на мигрнтите им треба вдомување, референси да се вработат во твојата земја и ние ќе те поддржиме на меѓународно ниво.

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Многу добро. Грета голема чест ми е што зборував со тебе. И ќе ни биде големо задоволство и ќе сме среќни со твојата посета на државава, тука во Северна Македонија.

Грета Тунберг: Слушнав дека одлегувате марихуана. Мислам дека е корисно и еко пријателски и се надевам дека ќе го пуштите татко ми да пуши кога ќе дојдеме.

Таткото на Грета: да ја сум голем фан на тие работи…

Зоран Заев: Многу добро, многу добро. Ги слушаме младите луѓе, за отворање на процедура за легализирање на тоа за рекреативна употреба, но сеуште има дебата во државава. Треба да ги зголемиме капацитетите за тоа, затоа што има позитивни примери во Канада или некои други држави во САД. Но засега тука се одгледува само за медицински цели.

Грета: Да

Зоран Заев:Да се биде познат не е лесно. Фондацијата отворено општество и Џорџ Сорос е голем поддржувач на вредностите и проектите кои соддржат вредности во овој свет и тоа е многу корисно

Таткото на Грета: Фала многу премиере.

Зоран Заев: Фала драги пријатели. Грета фала многу.

Таткото на Грета: и не заборавај за аеродромите.

Зоран Заев: хахаха

Грета Тунберг: мораме да летаме.

Зоран Заев: ми беше задоволство да разговараме и ти посакуваме многу успех

Таткото на Грета:Ќе ти помогнеме во пр

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This