(Видео) Нов гаф на Бајден ги пomeша Сирија и Либија: „Тешко да се следи когo бомбapдиpaте кога бomбapдиpaте толку многу земји одеднаш“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зборувајќи за можноста за соработка со Москва на самитот Г-7, американскиот претседател Џо Бајден беше збунет и помеша Либија и Сирија, не еднаш, туку трипати, додека зборуваше за хуманитарна помош за земјите погодени од војната.

Објавената снимка од говорот на американскиот претседател покажува дека 78-годишниот шеф на Белата куќа морал да се потруди да го запамети името на земјата во која, според него, САД се подготвени да работат заедно со Русија.

Поточно, Бајден рече: „Можеме да работиме заедно со Русија, на пример … во Либија“.

Потоа рече дека Русија гризна повеќе отколку што може да проголта со својата интервенција во „Сирија“, но потоа додаде и „Либија“ на својот говор.

„Сè додека се таму без можност да воведат некаков ред во регионот, не можете да го сторите тоа добро без да ги обезбедите основните економски потреби на луѓето“, рече Бајден. „Значи, и се надевам дека ќе најдеме решение во кое ќе спасиме животи на луѓето во, на пример, Либија“, додаде Бајден.

На прашањето дали Бајден мисли на Сирија кога ја спомнува Либија, советникот за национална безбедност на Белата куќа Саливан одговори: „Да, да, на тоа мислеше“.

На социјалните мрежи, овој гаф на Бајден стана вирален.

„Претпоставувам дека е тешко да се следи когo бомбapдиpaте кога бomбapдиpaте толку многу земји одеднаш“, напиша либанскиот геополитички коментатор Сара Абдала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This