(Видео) Нов гaф на Бајден: Го заборави името на австралискиот премиер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чест ми е што имам со мене двајцата најблиски сојузници на Австралија, Австралија и Обединетото Кралство, кои започнаа нова фаза од трилатералната безбедносна соработка – изјави претседателот на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човекот одоздола“ за време на прес-конференцијата на која беше претставен историскиот договор за безбедност со Австралија и Велика Британија.

Откако ги објави деталите за трилатералното партнерство чија цел е да се спротивстави на регионалното влијание на Кина, Бајден се сврте кон екранот на кој британскиот премиер беше поврзан преку видео врска и рече: „Благодарам Борис“.

Кога се сврте кон екранот на кој беше Скот Морисон, почна да се двоуми.

– Сакам да му се заблагодарам и на тој човекот одоздола. Многу ти благодарам, пријателе – рече Бајден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This