March 28, 2024, 12:11 pm

(Видео) Нуредини со извештaj за сoстoјбaта на пoврeдeнитe во пoжaрoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата на повредените од трагедијата во Тетово и понатаму се подобрува и тие се надвор од животна опасност. Во болницата има 53 пациенти, а примени се нови пет нови. Зголемени се амбулантските прегледи, а во последните 24 часа нема нови смртни случаи поврзани со корона вирусот. Во моментов има капацитет за прием на нови пациенти, а се подготвува и кат од интерното одделение.

„Хоспитализирани се 53 пациенти, во последните 24 часа имавме пет нови приеми, а за амбулантски прегледи имавме 78 пациенти. Сè уште има амбулантски прегледи, пандемијата сè уште трае. Во однос на здравствената состојба на пациентите, тие се релативно добро. Имаме капацитет од околу 40 кревети, ќе подготвиме и друг кат доколку е потребно, бидејќи ако имаме зголемување на пациентите во амбулантите за ковид, сигурно ќе имаме зголемување и на бројот на пациенти“, рече Гезим Нуредини, координатор на ковид центарот во Тетово.

Во меѓувреме, според информации на Алсат, досега осум членови на медицинскиот персонал ангажирани во ковид центарот биле испрашувани од обвинителството. Освен за пожарот, биле испрашувани и за присуството на цивили во модуларната болница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This