(Видео) Нaвaлни вo oбjaвa нa „Инcтaгaм“ вeли дeкa e oтpyeн со шишe вoдa вo хoтeлoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимот на отруениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални, објави видео на својот официјален профил на „Инстаграм“.

Во објавата на Твитер, тимот на Навални тврди дека водечкиот критичар на Путин бил отруен со шише вода во хотелската соба во Томск каде што престојувал пред летот на кој му се слошило. Пред тоа се сметаше дека Навални е отруен на аеродромот непосредно пред летот.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Во соопштението се наведува дека шише вода е едно од бесплатните шишиња што му се оставени на Навални во хотелот.

Навални се разболе на лет за Русија минатиот месец и беше пренесен во Берлин на лекување неколку дена подоцна. Германија потврди дека е отруен со новичок, нервен агенс развиен во Советскиот Сојуз.

Русија тврди дека нема докази дека е отруен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This