(Видео) Нekонтролирано се шири пожapот кај Атина, жителите масовно ги напуштаат своите домови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај напорите на пожарникарите и безбедносните сили шумските пожари во Грција денес продолжуваат неконтролирано да горат во неколку области.

Пламенот е видлив северно од Атина, вклучително и во селото Варибоби, кое повторно беше евакуирано.

Локалните медиуми наведуваат дека уште три големи пожари горат во истиот регион и се закануваат на неколку предградија на Атина.

Специјализирани авиони и хеликоптери цел ден безуспешно се обидуваа да ги стават пожарите под контрола.

Ситуацијата на островот Евија е многу опасна бидејќи областа е покриена со густа шума. Жителите на селото Лимни на северозапад од островот беа евакуирани со траекти бидејќи пожарот го прекина копнениот пат.

Претходно, пожарот зафати магацини и индустриски погони покрај автопатот меѓу Атина и Солун.

Властите ги повикаа жителите на населбите Малакаса и Сфендали да ја напуштат областа, а припадниците на безбедносните сили извршија претрес од врата до врата за да се уверат дека нема никој.

Наредена е евакуација и во градот Оропос, на околу 25 километри од Атина.

Според податоците на противпожарните бригади, во изминатите 24 часа, околу 86 нови шумски пожари горат низ цела Грција. Грчкиот министер за здравство Василис Кикилијас рече дека најмалку 18 лица се повредени, главно поради проблеми со дишењето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This