March 28, 2024, 11:25 pm

(Видео) Нoв пoжaр избувнa во близинa на ГП „Бoгoрoдицa“ – пoжaрoт се шиpи во пpaвeц на грaничнaтa кaрaулa на АРМ и хoтeлoт „Флaмингo”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево околу 13 часот изби пожар на потегот меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица. Пожарникарски екипи од ТППЕ Гевгелија со возила и пожарникари веќе се излезени на терен и се борат да се справат со огнот кој поради правецот на дување на ветерот веќе ја зафати боровата шума со интенција да се шири во правец на граничната караула на АРМ, хотелот „Фламинго” и кон граничниот премин Богородица.

На помош на пожарникарите им се приклучија и екипи од јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Гевгелија. Со заеднички напори присутните на терен се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење кон наведените објекти и преминување на грчка територија.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This