(Видео) Обвинитeл близок до Заев, злoyпотребува закони, рekeтира фирми и приcлушкува граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Палевски Палчо, во денешната епизода на „Тешки муабети“ на Инфомакс зборуваше за Артан Ајро, обвинител во Основното јавно обвинителсвто, претходно вработен во СЈО, со импресивен анкетен лист со имоти и финансиски средства. Тој во 2017 година го водеше предметот против Палевски за наводните бомби што тој ги поседувал, а кои не беа најдени во во конфискуваните компјутери, лаптопи и телефони кои обвинителството никогаш не му ги врати на Палчо.

Митовски се надоврза дека Артан Ајро, беше обвинител во случајот со Сеат Кочо и надлежен обвинител во случајот со Прототип. Постојат шпекулации дека додака траеле овие предмети, тој си изградил куќа на три спрата во Скопје, за која за изработна на фасадата, тендер добива токму Прототип, фирмата против која се води предмет.

Обвинителот Ајро поднел барање за денационализација на 1,8 декари атрактивно земјиште во Струга. Судиите кои одлучувале по барањето за денационализација, добиле кривична пријава за злоупотреба на службената должност но не од приватно лице туку од орган.

„Се работи за следново. Ајро, односно татко му поднел барање за денационализација кое било било одбиено бидејќи земјиштето било национализирани и платено од страна на Република Македонија. Во меѓувреме е реализиран јавниот инретес за кој е одзенемо тоа земјиште и по ниеден основ не може да се врати, посебно бидејќи е платено. Комисијата за денационализација поради тоа го одбива, по што Ајро се жали до Управен суд, губи, се жалат до Вишиот Управен суд, се одбива жалбата на жалителот и она што е најинтетесно е што се оди и фо Врховниот суд на Република Македонија кој ги потврдил одлуките на двата степени од Управниот суд. Она што е криминал, злоупотреба на правниот систем е следно, господинот, откако договорил злосторничко здружување со судии и претседателот на судот, по втор пат поднесува барање за истото земјиште со друг архивски број. Значи за истата парцела, истите баратели на денационализација, ама нова постапка со нов архивски број и покрај одлуката на Врховниот суд. Земјиштето му е вратено и може да се види во неговиот имотен лист. Земјиштето за кое се работи е 1840 метри квадратни плажа и денес му стои во анкетниот лист“, појаснува Палевски.

„Ова е најголема злоупотреба и на процесот на денационализација и на целокупниот судски систен на Република Македонија. Овој човек е подготвен на се. Познат е дека заедно со Арафат одат во парк и рекетираат еден куп фирми, злоупотребуваат закони, кога сакаат, прислушкуваат“, додава тој.

Палевски посочува дека овој обвинител оваа кривична пријава од кога е поднесена од орган на оваа држава кој е задолжен ова да го спречува, стои во фиока во Обвинителството. Зашто: Артан Ајро денеска е многу важен, близок, и личен обвинител на Зоран Заев. И тој сопствениот криминал си го чува во фиока.

Палевски упати јавен апел до Советот на јавни обвинителни да постапи по слушнат глас и да види што прави нивниот обвинител и да го разреши.

„Во однос на ова прашање, Советот на јавни обвинители, најмалку што може да направи е да побара е да побара копија од оваа кривична пријава. Тука има одлуки на судови, број на одлука на на врховниот суд и под итно Ајро ттреба да си оди дома“.

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1

„Тешки Муабети“ – Епизода 25, Сезона 1 Домаќини: Љупчо Палевски – Палчо Милош Милошевски Тема: Како фирмите на Заев ја турнаа во стечај „Еуростандард“

Posted by infomax.mk on Sunday, March 28, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This