March 29, 2024, 12:32 am

(Видео) Оваа држава ја издаде првата дигитална валута во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Банката на Литванија (LCB) е прва во еврозоната и светот која ја издаде својата дигитална колекционерска монета ЛВКОИН, креиран врз основа на одлични информатички решенија.

Литванската централна банка соопшти дека ЛБКОИН е посветен на Актот за независноста на оваа земја од 1918 година и неговите 20 потписници.

-Дигиталните пари се извонреден приказ на она што го постигнавме во само неколку години по нашите стратешки одлуки да започнеме одлучно по патот на финансиските и платежни иновации. Служи како мост кој ги спојува класичната нумизматика и финансиската технолофија која брзо се развива, вели во соопштението Витас Василиаускас, претседател на одборот на Банката на Литванија.

ЛБКОИН е заснован на блокчеин кој се состои од шест дигитални токени и една физичко колекционерска паричка. Банката на Литванија издала околу 4.000 ЛБКОИН, односно 24.000 дигитални токени и 4.000 сребрени колекционерски кованици.

Секој жетон има еден од 20-те потписници на Актот за независност и припаѓа на една од шесте категории на потписници (свештеници, претседатели,дипломати, индустријци, академици и комунални службеници) со 4000 токени посветени на секој од нив.

По купувањето на ЛБКОИН, колекционерите ќе добијат шест избрани дигитални токени кои може да ги заменат за физичка колекционерска монета, која пак може да ја депонираат во ЛБКОИН е-трговија, да ја испратат како подарок, да ја заменат со друг колекционер или да ја пренесат во NEM паричник.

Физичките сребрени колекционерки кованици се ковани во литванската ковачница за пари. Тие се со големина и облик на кредитна картичка и го прикажуваат Актот на независноста и потписниците.

Литванската тробојница на ликот на парата ја содржи државната химна запишана во бинарен код. На предната страна на коинот се наоѓа Грбот на Литванија вграден во QR код кој е поврзан во е-трговијата ЛБКОИН. Физичката паричка тежи 36,36 грама.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This