(Видео) ОВА НЕ Е ЧЛЕНСКА НА ВМРО: Ние си го бараме само ветеното

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделците ги бараат своите права, велат ова не е партиски протест тука се земјоделци кои што го бараат ветеното од Заев и СДСМ. Еден од говорниците на протестот ја извади и својата членска книшка од СДСМ за да докаже дека тука не е дојде партиски, туку бидејќи е изреволтиран од негрижата на власта.

Земјоделецот со членска од СДСМ истакна дека власта вршела разни притисоци врз земјоделците да не излегуваат на протестот пред Владата, тој посочи дека ова ако продолжи тој јавно ќе ги каже имињата на функционерите на СДСМ кои вршеле притисоци. .

Полицијата ги спречи земјоделците да поминат се додека не го истурија родот пред полицијата, оправдувањето на полицијата е дека се плашеле дека ќе фрлало по Владата.

Повеќе земјоделски здруженија од целата држава, земјоделци кои се занимаваат со различни дејности денеска се одлучија својот револт да го искажат пред Владата на Република Македонија. Причината, едноставна ти го бараат ветеното, бараат подобри услови за земјоделците и достоинствен живот.

Нивната работа е тешка и мачна, а од година во година е се помалку исплатлива. Субвенциите каснат, а и оние кои ги земаат се премалку поради ниските откупни цени на земјоделските производи. Проблем земјоделците имаат и со пласманот на своите производи, нешто за кое Заев беше најгласен во предизборната кампања. Тој речиси на секој митинг говореше за загарантиран откуп на земјоделските производи.

Проблеми има во речиси сите земјоделски гранки без разлика на примарната дејност со која земјоделците се занимаваат. Нивниот револт кулминира денес кога тој се излеа на улиците на главниот град, Скопје.

 

 

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/514745589383235/?notif_id=1572086035060128&notif_t=live_video_explicit

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This