April 25, 2024, 12:30 pm

(Видео) ОГРОМА ОПACHОСТ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА: Пожapoт бecнее во Украина на еден километар од Чернобил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огромен шумски пожар во Украина беснее повеќе од една недела, на само еден километар од напуштената нуклеарка во Чернобил, предупредува организацијата „Гринпис Русија“. Од организацијата велат дека пожарот претставува ризик од радијација.

Украинската служба за вонредни ситуации соопшти дека уште се бори со пожарите, но дека ситуацијата е под контрола, пренесува Ројтерс.

На видео снимките, што ги објави агенцијата во неделата, може да се види црн чад, дрвја како горат, а пожарникарите од хеликоптери се обидуваат да го угаснат огнот. Фотографиите од воздух во забранетата зона 30 километри од местото на најголемата светска нуклеарна несреќа, до која дојде во 1986 година, покажуваат изгорена и поцрнета земја и јагленисани стебла.

Службата за вонредни ситуации соопшти дека нивото на радијација во забранетата зона не се променило, додека во регионот на Киев, не се надминати вообичаените нивоа.

Од „Гринпис Русија“ велат дека ситуацијата е многу полоша од тоа што украинските власти веруваат, како и дека пожарите покриваат подрачје 1.000 пати поголемо од тоа што тврдат научниците, кои на 4 април соопштија дека пламенот опфатил површина од 20 хектари, додека „Гринпис“ повика на сателитски снимки кои покажуваат дека во тоа време била зафатена површина од околу 12.000 хектари.

„Според сателитските снимки снимени денеска, површината на најголемиот пожар достигна 34.400 хектраи“ соопштија од организацијата и доаваат дека вториот пожар, кој се простира на 12.600 хектари, бил оддалечен само еден километар од нуклеарката.

Украинските власти веднаш не одговорија на барањето за коментар на ваквите тврдења.

Шефот на енергетскиот проект во „Гринпис Русија“, Рашид Алимов, рекол дека пожарите потпомогнати од ветрот, би можеле да ги прошират радиотопите, атомите кои емитуваат радијација.

Сателитските снимки на НАСА покажуваат дека двата пожари се прошириле длабоко во забранетата зона. Пожарите избија на 3 април во западниот дел на забранетата зона и се проширија на околните шуми.

Полицијата наведе дека е идентификуван 27-годипен локален жител, кого го обвинуваат дека намерно го запалил пожарот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This