(ВИДЕО) ОДЛОЖЕНО ЛAНCИРAЊЕТO НА НОВИОТ RAZR: Причината била огромната побарувачка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лoши вести за оние кои со нетрпение очекуваа старо-новиот модел од Моторола, Разр да биде достапен за нарачување на 26 декември.

Компанијата соопшти дека малку ќе го одложи лaнcирaњeтo на овој модел, заради, како што велат, големата побарувачка.

Не се знае кога точно ќе започне нарачувањето, но во Моторола велат дека не планираат драстично поместување на планираните временски рокови.

Како што пренесува „Ендгаџет“, чудно е дека Моторола не ја предвидела големата побарувачка за моделот Разр.

Можеби од компанијата верувале дека високата цена на телефонот од 1.500 долари нема да привлече толку многу купувачи. Овој телефон користи и малку застарен процесор (Snapdragon 710) а камерите и капацитетот на батеријата не се на нивото на другите телефони од тој ценовен ранг.

Сепак, очигледно многумина се подготвени да ги занемарат недостатоците за да го добијат овој елегантен, склопувачки телефон.

Како што наведуваат од Моторола, „од првата најава во ноември, новиот Моторола Разр доживеа голема побарувачка, која ги прерасна плановите за снабдување. Моторола одлучи да го прилагоди времето за лaнcирaњe на моделот Разр за што подобро да одговори на зголемената побарувачка. Работиме на утврдување на одговарачки распоред и не очекуваме значително поместување од планираните временски рокови.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This