(Видео) Од полноќ Велика Британија во целосен кaрантин, излегување ќе биде дозволено само за одредени исклучоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во телевизиско обраќање до нацијата, премиерот најави нови ограничувања кои во голема мера ги отсликуваат оние воведени на почетокот на пандемијата.

„Со оглед на тоа што поголемиот дел од земјата е веќе под екстремни мерки, јасно е дека треба да сториме повеќе, заедно, за да ја ставиме под контрола оваа нова варијанта додека се шират нашите вакцини. Во Англија, затоа мора да одиме во национална блокада која е доволно тешка за да ја содржи оваа варијанта. Тоа значи дека Владата уште еднаш ве упатува да останете дома.“ соопшти Џонсон.

Премиерот рече дека на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за одредени исклучоци, вклучувајќи купување на најважни работи.

Полицијата ќе добие законски овластувања за спроведување на драконските мерки.

Сите училишта треба да бидат затворени најмалку до средината на март, во февруари ќе останат отворени само за децата на клучните работници и за оние од ранливите семејства.

На студентите од универзитетите им е речено да не се враќаат во кампусите и наставата да се одвива преку Интернет во текот на заклучувањето.

Тој рече дека бил решен да ги задржи училиштата отворени, но бил принуден да постапи поинаку по напливот на бројот на новозаболени.

Денешните бројки покажуваат дека 58,784 нови инфекции се регистрирани во последните 24 часа.

Во британија веќе е седми ден по ред, регистрирани се над 50.000 инфекции со пораст на стапката на случаи 49,8 проценти во текот на изминатата недела.

Претходно, денес на состанокот на работната група на Владата „Ковид-О“, премиерот беше предупреден на 29 декември неверојатни 80.644 лица со позитивен тест за вирусот.

Највисоките британски здравствени власти од Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска предупредија денеска дека постои реален ризик здравствениот систем во многу делови на земјата да биде преоптоварен во следните три недели, доколку не бидат воведени нови мерки против епидемијата на коронавирус.

Тие предложија воведување вонредна состојба од четврти или петти степен пред вечерашното обраќање на британскиот премиер Борис Џонсон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This