ВИДЕО ОД СПАСУВАЊЕТО НА ПАТНИЦИТЕ: 30 лица спасени од премрзнување на стариот пат Куманово-Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесетина патници синоќа биле извадени од нивните автомобили завеани со снег на стариот пат Куманово – Скопје, помеѓу кумановските Ново Село и Љубодраг.
cvren-krst-zaveani-v-1
Меѓу патниците било и петгодишно дете со висока температура и неколку повозрасни лица од кои тројца премрзнати. Патниците останале завеани во 16 коли уште во попладневните часови, а по неколку саати поминати на отворено побарале помош од надлежните институции, пренесува СДК.мк.

„Акцијата за спасување започна околу 19 часот а заврши околу 20.30 часот. Сите патници безбедно беа извадени и си заминаа дома. Патот во текот на денот беше два пати чистен, но на тој дел е рамнина и постојано има навеви од снег. Одржувањето е во надлежност на „Македонија пат„, но ние излеговме во пресрет да го исчистиме за да им помогнеме на луѓето, – изјави Горан Стојановски, раководител во ЦУК Куманово.
Вистинска драма се одвивала при акцијата за спасување, кога машината што пристигнала да го расчисти снегот се заглавила во него. Поради тоа била повикано возило на протовпожарната единица од Куманово, која со сајли го извлекла од навевот. Дури потоа почнало расчистувањето и вадењето на автомобилите и патниците. Волонтери на Црвен крст им деле на луѓето кебиња и храна, а они што не се чувствувале добро укажана им е лекарска помош.

Во акцијата покрај Центарот за управување со кризи се вклучил и Општинскиот кризен штаб од Куманово, Црвениот Крст, Територијантата противпожарна единица и Брза помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This