March 28, 2024, 10:04 am

(Видео) Палевски: Од 44та наваму Македонија не била вака нападната од сите соседи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниве неколку години во Македонија се случуваат значајни промени во повеќе сфери кои директно навлегуваат во суштината на постоењето на македонскиот народ, неговата историја, култура и јазик. Македонија потпиша договори со соседните држави, кои ја ставаат земјата во една незавидна, потчинета положба. Ја потпиша Тиранската платформа, Преспанскиот договор, како Договорот за доборососедство.

Љупчо Палевски, Палчо, во најновото издание на емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, потенцираше дека ваков напад врз постоењето на Македонија имакедонскиот народ не се случил од 1944 година, кога МАкедонија беше прекројувана и поделена меѓу соседите.

„Ова што сега се случува ова никогаш не се случувало од 44 навака. Значи од АСНОМ навака ниту еднаш не се случило во три години да бидеме нападнати од сите соседи, дипломатски, глобалистички, со поддршка од сите глобални алати, како што е ЕУ, како што е НАТО, и така натаму, други глобалистички организации, синхронизирани, нападнати од сите соседи“, истакна Палевски.

Што е различно помеѓу Нивица, грчката дипломатија, во подготовка во реализација на договорот од Нивица и во подготовката и реализацијата на Договорот задобрососедство со Бугарија?

Она што е ново дека покрај бугарската политичка елита, врвните неолиберални интелектуалци и политичари, Андреј Ковачев и Каракачанов со неговото БНД кое веќе со децении е политички агресивно кон Македонија, сега и Бојко Борисов, станува поагресивен спомнувајќи територијална претензија, кој пред неколку дена изјави дека ние сме насилно македонизирани Бугари.

За разлика од грчкиот договор, сега бугарскиот притисок политички и оваа агресија е коннцентрирана на Зоран Заев.

„Очигледно дека Зоран Заев многу работи ветил, а малку исполнил“, вели Палчевски.

Очигледно дека во Бугарија има големо незадовлство, брзањето на Бугарија е многу поголемо отколку брзањето на Зоран Заев. Што е многу чудно, тоа брзање може да значи само доказ дека сите овие договори се дел од една предигра од една подготовка голема која ја става Македониај во центарот на Балканот како еден сериозен дефект, сериозен проблем, ја става Македонија на сцената, на европската сцена како територија која не може сама да се уредува, кога државата еродира од внатре, каде политичката елита веќе петта година не изнаоѓа политичко излезно решение од ова политичка криза предизвикана од вистината за Македонија и со оние проклети бомби, така да ова е пресинхронизиран процес,

Да не заборавиме, првата политичка агресија беше со албанската декларација, која е делумно реализирана, многу е важно да не се заборави дека постојат уште неколку точки од таа албанска платформа. Бугарите беа фини, даваа поддршка додека се работеше подготовката за договорот со Грција, за во моментот кога се заврши проектот со Грција, да станат максимално агресивни, како членка на Европската унија.

Ние сме нападнати по сите основи по историја, симболика.. знамето од Виргина ни е забрането на јавна површина. Занчи ние сме веќе окупирани од внатре, квислинзи и врфховисти, и сега влегуваме во еден финален дел кај што Албанците повторно ќутат, дури и прегоовараат како ДУИ, на позиција министер, и имаме една огромна агресија од страна на Бугарија, и огромна брзање со рокови од стрна на Бугарија.

„Тоа е сериозен проблем, се појавуваат во моментов некакви политички поместувања, се јавува Бранко Црвенковски, се јавува Илинка, и други некакви авторитети почнаа да реагираат, меѓутоа никој од нив не дава решение конкретно“, додава Палевски

Доколку Бранко Црвенковски го замрзнува членството, логично е да се постави прашањето каде тој „затоплува“, односно кој би бил неговиот ангажман.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This