(видео) ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: „Струмичкиот сељак“ го ослободи чудовитштето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17 септември 2015 година, малку повеќе од половина година по објавувањето на првата опозициска бомба, новинарката Оливера Трајковска во интервју ќе го праша тогашниот лидер на опозицијата, „струмичкиот сељак“ Зоран Заев што ако заседне на Илинденска 2. Нема ли да се претвори во чудовиште кое е се присети на сите прислушувани разговори и нема ли да му се разбуди желбата за одмазда.

-Од кај знам, ако има прилика да заседне на „Илинденска“ бр. 2, можеби тогаш ќе го видиме чудовиштето во него и желбата за освета и тогаш ќе почне да се сеќава што се некаде имаме кажано за Зоран Заев. Како се прави таа граница? Некои од професионалците ме прашуваат овој човек оди ли на деконтаминација. Користи ли услуги од професионалец? Се видел ли воопшто некогаш со психијатар? Што во нашата конзервативна средина е безмалку дека ве правам луд, го прашува Трајковска Заев, испровоцирана од бомба во која е опфатена, како во приватен разговор со Радмила Шекеринска го нарекува „струмички сељак“: „Дали си нормална, овој струмички сељак, во 21 век, да се заложиш да го донесеш за лидер на македонската левица“.

Три години подоцна се остварија стравувањата на Трајковска, но и на целата македонска јавност, дури и онаа која фаќаше сеир пред три години – дека бомбите што ги поседува Заев се исклучително моќно оружје кое можат да уништат подеднакво од лидери до чистачи. Имињата на осумте пратеници на опозицијата, односно седум на ВМРО-ДПМНЕ и еден од Социјалистичката партија на Македонија, коалициски партнер во Коалицијата за заедничка Македонија, не оставаат простор човек да се посомнева во методите и материјалите на убедување што биле користени низ собраниските ходници и кабинети.

Случајно или не, Заев го ослободи чудовиштето и ги проголта осумте најранливи.

Елизабета Канческа – Милевска по гласањето

Ексминистерката за културавчера гласаше за. Канчевска е обвинета за случајот на СЈО за Скопје 2014, поради фактот што таа беше државен секретар за култура во периодот 2006-2008, кога беа удрени темелите на „Скопје 2014“. Во нејзиниот мандат како министерка за култура од јули 2008 до ден денес се реализира овој проект. Јасно е дека таа вчера го даде својот глас за промена на името на Македонија само за да се спаси од долгодишна затворска казна која и се заканува поради обвинението од СЈО! Обвинението на СЈО се темели на прислушуваните разговори.

Владанка Авировиќ

Синот на пратеничката Владанка Авировиќ отслужува казна затвор од три години, бидејќи наводно како управител на фирмата „Силекс неметали СТ“ направил злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Синот на пратеничката, Василие Авировиќ беше осуден во случајот на СЈО под кодно име „Труст“. Таа гласаше за уставни измени по договорот со Заев дека нејзиниот син ќе биде ослободен од обвинение или неговата затворска казна ќе биде намалена доколку таа гласа за Северна. Обвинението на СЈО се темели на прислушуваните разговори.

Крсто Мукоски

Да се потсетиме дека на овие граѓани на Северна Македонија само пред неколку дена по 8 месеци поминати во домашен притвор, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Муковски им беше дозволено да се бранат од слобода. Се гонат за тероризам во врска со настаните од Собранието на Р Македонија од 27 април. Нивниот договор со Заев е да бидат ослободен од обвинение, а во замена да гласаат за промена на Уставот на Република Македонија.

Зекир Рамчиловиќ

Зекир Рамчиловиќ вчера исто така го даде својот глас за Северна, а според информации на Инфомакс единствена цел на ваквото делување е спас за неговиот пријател Сеад Кочан. Бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО заедно со Василије Авировиќ, син на пратеничката Авировиќ. Обвинението на СЈО се темели на прислушуваните разговори.

Емилија Александрова, Нола Исмајловска Старова

Нола Исмајлоска Старова

Додека затворот беше мотивација за останатите 6 пратеници овие две граѓанки на Северна го продадоа кучата. Пратеничката Емилија Александров и Нола Исмајловска според информации на Инфомакс добиле значителна парична надомест во замена за својот глас за промена на името на Македонија.

Од друга страна, пратеничката Исмајловска беше обвинета од СДСМ дека поседува лажна диплома.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This